Руската борбена униформа од следната генерација „Ратник 3“, добила надоградба од часовник кој е отпорен на нуклеарна експлозија. Униформата вклучува 59 други хај-тек карактеристики за да се создаде најнапреден оклоп за човечко тело.
Според соопштението објавено од прес-службата, главниот дизајнер на системот за одржување на животот во борбената униформа во Централниот научно-истражувачки институт за прецизен машински инженеринг, Олег Фаустов, вели: „Часовникот, кој го вклучивме во опремата на Ратник , ги задржува своите својства и покрај влијанието на зрачењето и електромагнетните импулси, на пример, нуклеарна експлозија.“
Часовникот, исто така и работи под вода. Меѓу другите 59 додатоци на оваа униформа, спаѓа и подвижен егзоскелет, за кој се вели дека им дава на војниците поголема сила и издржливост; најновата технологија на оклопни тела; и целосен визир и шлем кој го покрива лицето опремен со дисплеј. Според рускиот државен медиум Тасс, тежината на завршената борбена униформа ќе се намали за 30% кога ќе биде пуштена во употреба на терен. Се очекува Ратник 3 да биде подготвен за употреба до 2022 година.
САД исто така работи на нивен високо-технолошки борбен костум, кој инспириран од поп-културата, е наречен Iron Man. Се развиваат и дронови кои ќе пренесуваат оружје до војниците, а исто така постои и обука на војници за борба во вселената.