Професорот по психологија, Бен Рајан, никогаш не помислил дека еден ден ќе стане инженер, но сè се променило по раѓањето на неговиот син, кому докторите морале да му ја ампутираатраката во првите денови од животот.
Неговиот син, Сол Рајан, се родил со згрутчување на крвта во левата рака, принудувајќи ги лекарите да ја ампутираат 10 дена по раѓањето.
Тагата на Бен предизвикала енергија кај него, па тој почнал да истражува.
Открил дека најпаметно е самиот да му направи рака на својот син, со помош на 3Д печатење, бидејќи ништо од тоа што се нудело на пазарот не било доволно добро.
Така професорот станал инженер и изумил нешто што може да направи огромна разлика во животот на многу деца со ампутирани екстремитети.