Оваа листа е тешка за изготвување, бидејќи историјата е полна со дамнешни монарси, кралици, на кои им е одземена власта и императори кои немале среќа. На многу владетели власта им се лизга од рацете за многу кратко време.
Без оглед на причината – болест, бунт, убиство или нејасна мистерија, луѓето на оваа листа биле на власт на многу краток временски период.
1. Папата кој бил најкратко на чело на Римокатоличката црква
Урбан VII починал само 13 дена откако станал папа. Тој имал добра репутација и се сметал за чесен човек па луѓето биле исполнети со надеж дека тој ќе биде совршен папа. И навистина, во првите неколку дена, Урбан VII ги собирал сиромашните луѓе од Рим за да им помогне така што им давал пари. Потоа им наредил на сите пекари да направат поголем леб и да го продадат поевтино, покривајќи ги сите загуби од сопствениот џеб. Само неколку дена подоцна, Урбан VII се разболел и по 13 дена починал.
2. Кралот со најкраток рок на траење
Францускиот крал Луј XIX седнал на тронот во 1830 година, по смртта на неговиот татко Чарлс X. Дваесет минути откако станал крал, Луј XIX потпишал документи со кои се изјаснува дека се откажува од престолот.
3. Кралицата со најкраток рок на траење
Кога болниот син на Хенри VIII – Едвард VI умира, многу влијателни протестанти се плашеле дека власта ќе се предаде на неговата полусестра Мери, која е католик. Светникот на Едвард наместил Џејн Греј, братучедката на Едвард да седне на тронот, но пред тоа ја натерал и да се омажи за неговиот син. Џејн дури се онесвестила кога му соопштувала на народот дека е нивна кралица. Таа не добила јавна поддршка и по само 9 дена Мери ја преземала круната. Мери сакал да и прости на братучедката затоа што била марионета во нечија игра, но подоцна нејзиниот татко бил на чело на побуна против Мери и затоа што Џејн станала огромен ризик за круната е егзекутирана на 16 години.
4. Император кој владеел 16 дена
Наполеон II бил прогласен за император кога имал само 4 години по поразот на Наполеон во Ватерло во 1815 година. Единствениот легитимен син и наследник на Наполеон – Наполеон II е испратен во Австрија кај мајка си, од каде добива нова титула „војводата од Рајхстаг“, само 16 дена откако бил именуван за император. Тој починал на 21 година од туберкулоза.
5. Претседател на неколку часа
По завршувањето на комунистичкиот режим во Албанија, претседателот Сали Бериша станал претседател, но во 1997 година, по губењето на изборите, било побарано да се повлече. Бериша одбил да го стори тоа, а потоа Скендер Ѓинуши е привремено назначен (тој го зазема местото помеѓу 2 и 5 часа).
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.