Јужна Кореја развива бомба која што ќе ги таргетира електричните мрежи и ќе ја направи електрониката во одредена област целосно бескорисна. Познати како „затемнувачки бомби“, овие уреди се дизајнирани да бидат фрлени од авион кон клучните централи за електрична енергија.
По ударот, тие ослободуваат јаглеродни графитни филаменти способни за краток спој и нарушување на секој близок хардвер кој се потпира на електрична енергија.
Овие бомби за прв пат биле користени од страна на морнарицата на САД во 1991 година за време на Заливската војна, а потоа од страна на НАТО против Србија во 1999 година. Сега, Агенцијата за развој на одбраната на Сеул планира да ги користи овие бомби против силите на Северна Кореја. Бомбите ќе бидат искористени како дел од планот „Убиствен ланец“ на Јужна Кореја, во кој нацијата превентивно ќе лансира проектили во Северна Кореја, ако утврди дека земјата се подготвува да ги лансира своите.
„Сите технологии за развој на графитна бомба предводени од Агенцијата за развој на одбрана се обезбедени. Ова е фаза во која што можеме да ги изградиме бомбите во секое време“, изјавил воениот претставник на корејската новинска агенција Јонхап.
Оваа вест за развојот на „затемнувачки бомби“ во Јужна Кореја пристигнува во време кога никој не знае сигурно дали или не Северна Кореја ќе дејствува врз нејзините закани за нуклеарна војна.
„Сè уште треба да откриваме знаци на провокации од Северна Кореја. Ние одржуваме надградени набљудувачки напори за да се заштитиме од било какви настани“, изјавил јужнокорејскиот воен извор.
Јужна Кореја не е единствената земја која се подготвува за најлошото од Северна Кореја. Велика Британија, исто така, ги ревидира своите планови за војна со диктатурата. Во меѓувреме, американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, за време на неговото воведно обраќања на годишната средба на Здружението на американската армија денеска изјави дека САД „мора да бидат подготвени“ доколку треба да реагираат брзо на активностите на Северна Кореја.