Еднаш, еден цар отишол во џунглата да ги види мајмуните. Кога го забележале мајмуните почнале да паничат, но имало еден мајмун кој не брнувал внимание и скокал од гранка на гранка искажувајќи доминација. Царот истрелал стрела, но мајмунот ја фатил во лет. Птотоа царот им заповедал на неговите придружници да стрелаат во мајмунот. Веднаш откако дожд од стрели се упатил кон мајмунот, тој паднал мртов. Тогаш царот се свртел кон неговиот млад пријател:
„Виде ли што се случи? Ова животно го рекламираше неговиот ум и неговите способности. Тоа веруваше дека е незапирливо, веруваше во својата моќ и вештините. Запомни ја оваа случка! Никогаш не ги покажувај пред луѓето најдобрите квалитети!“
Кога се вратило во дворецот, младото момче станало ученик на царот. Младичот дење и ноќе работел на себе за да се избави од сетоа она што го тера да се истакнува пред луѓето. Наскоро никој во царството не знаел како да се однесува со него ниту како да го манипулира. Така тој станал искусен лидер и борец.
Поучниот заклучок од оваа приказна е дека сѐ што е вредно за човекот мора да се чува во длабочината. Мора да се чува како семе засадено во богата почва, чекајќи да израсне и да даде добри плодови.