Светот е полн со работи кои се уште не можеме да ги објасниме. Голем број на „нови“ древни цивилизации се откриени од археолозите во изминатите неколку години. Одредени научници сметаат дека Маркаваси „камената шума“ некогаш била дом на древната цивилизација Мазма.
Посетителите велат дека гледаат најразлични форми изрезбани во капите, но многумина тврдат дека истите се резултат на природна ерозија што значи дека едно од можните објаснувања за овој феномен е пареидолија.
Еден од првите модерни истражувачи кои го посетиле Маркаваси во Перу, бил археологот Даниел Рузо во 1952 година. Тој го истражувал регионот цели 9 години и тврдел дека пронашол скулптури од камили, лавови, фоки и жаби како и човечки скуплтури кои ја менувале формата од зависност од периодот во денот или годината, односно како биле осветлени. Според Рузо, локалитетот бил создаден од старата цивилизација Мазма. Оваа цивилизација опстојувала пред 10.000 години и имале развиена технологија чии резултати можеле да се видат на различни локалитети во светото како што се Велигденскиот Остров, Романија, Мексико, Франција и Бразил. Оваа теорија не е во согласност со општоприфатената теоријата за настанокот на човекот.
Рузо исто така тврдел дека оваа цивилизација имала моќ на исцелување и овој локалитет бил нивното духовно место. Според него цивилизацијата била уништена во катаклизма. Името на цивилизацијата Мазма, Рузо го поврзал со сонот на Педро Астете, кој бил наводно видовит . Даниел верувал дека катаклизмата која ја уништила оваа цивилизација ќе ни се случи и нам, затоа што така функционира кругот на животот.
Откако приказната на Даниел станала јавна многу луѓе го посетиле местото и тврделе дека имаат надприродни искуства, гледале духови, чувствувале невидливи сили, па дури и НЛО. Иако поголемиот број археолози веруваат дека станува збор за природно настанати карпи. Досега не постои ниту едно сеопфатно археолошко истражување кое го тврди спротивното. „Споменик на човештвото“ е најпозната карпа на локалитетот.
Сепак како да се објасни тоа што голем број на луѓе гледаат лица и фигури во карпите? Всушност станува збор за пареидолија, психолошки феномен во кој случајни предмети се третираат како значајни. Поради овој феномен гледаме лице на Марс.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.