Сакате да одите во вселената? Спакувајте ги куферите затоа што од приватната компанија „Blue Origin“ изјавиле дека ќе бидат подготвени да пратат туристи во вселената од април 2019 година. Таа временска рамка беше откриена од страна на Боб Смит, извршен директор на „Blue Origin“ во говорот пред Националниот вселенски совет во Вирџинија во четвртокот.
„Во следниве 18 месеци ќе ‘лансираме’ луѓе во вселената. Тие нема да бидат астронаути … тие ќе бидат обични граѓани.“, изјавил Смит. Првично од „Blue Origin“ изјавиле дека лансирањето на „вселенски туристи“ ќе се случи во 2018 година, со пробни тестови во 2017 година, така што оваа изјава се смета повеќе како доцнење. Ако Илон Маск се придржува до својот распоред, „Blue Origin“ може да биде престигнат од SpaceX, кој се надева дека ќе однесе туристи на пат околу Месечината до крајот на 2018 година.
Пред тие да започнат со лансирање на обични луѓе, „Blue Origin“ ќе извршат неколку тест летови со пилоти и инженери следната година. Луѓето ќе бидат лансирани со помош на New Shepard ракетата, која што веќе 5 пати успешно патувала до вселената, без екипаж. На врвот на ракетата ќе биде капсула која ги содржи патниците, кои ќе се одделат од ракетата во вселената. Капсулата потоа ќе слета преку падобран, додека ракетата ќе се спушти на земја со помош на неговиот распрснувач.
Овие летови ќе траат околу 11 минути, но не е познато колку ќе чинат. Ако тие бидат успешни, тоа ќе биде прилично голема шлаканица за компаниите како Вирџин Галактик, кои со години се обидуваат да го активираат вселенскиот туризам, но се соочуваат со одложувања. Билет на Вирџин Галактик чини 250.000 долари.
„Blue Origin“ има поголеми планови, исто така. Развој на ракетата наречена Нов Глен која сакаат да ја користат за да ги однесатлуѓето во вистинска орбита. Потоа, имаат планови за нешто што се вика „Нов Армстронг“, за што сè уште не знаеме ништо. Но, од неговото име, може да се претпостави дека е нешто поврзано со Месечината.
Дали навистина ќе имаме најмалку две компании кои ќе започнат да праќаат туристи во вселената до 2019 година? Кој знае. Веќе неколку пати ваквите изјави биле само празни ветувања. Да се надеваме дека ова не е едно од нив.