Си живееле некогаш една Мачка и Куче. Тие биле соседи и живееле мирно во текот на целата година, но се расправале само за време на празниците. Никој не знаел зошто.
Кога е празник Мачката била суетна, купувала подароци, производ, ја средувала куќата и украсувала. А Кучето си продолжувало по старо, ја чувало куќата и виело на Месечината. Кога пристигнувал празничниот ден, пријателите сите заедно се собирале на масата, но не било воопшто весело, немало празнична атмосфера.
„Изгледа дека празникот не сака да дојде кај нас“, рекла Мачката. Тој отишол да ја повика за радост Гуската, која исто така живеела во близина. Кога пристигнала Мачката во куќата на Гуската се зачудила. Куќата била уредена и украсена а гостите насмеани и весели. Мачката сфатила дека Гуската нема да дојде кај неа на гости, затоа што веќе празникот е во нејзиниот дом. Кога се вратила дома Мачката го затекла Кучето како лежи на масата, на новиот бел чаршаф. Тaa не можел да издржи и се развикала:
„На што личи ова? Со твоите валкани шепи го извалка новиот празничен чаршаф!А јас ја средив и куќата! Марш оттука, песу валкан!“ Така се скарале повторно.
Кучето се навредило. Тој ја сакал Мачката, но не можел да го поднесе тој став и затоа си заминал. Кучето се вратило во својата куќа, а таму било уште помрачно и непријатно. По некое време пријателите повторно се смириле. Кучето отишло кај Мачката на врата и и рекло:
„Прости ми, знаев дека не сум во право! Еве нов празник доаѓа и повотрно ќе помине ако не го пречекам заедно со тебе. Научиме како правилно да го дочекам празникот, како да го поканам.“
Мачката се изненадила од зборовите на Кучето, но и многу се израдувала. „Нели виде дека ниту јас не знам како да го повикам празникот. толку се трудев и спремав, а празникот пак не дојде. Очигледно, ми недостига нешто важно“, рече Мачката и го почеша нејзиниот пријател зад увото.
Тогаш Гуската решила да ги посети пријателите и сите тројца седнале да се напијат чај. Гуската како и секогаш била весела и духовита, затоа Мачката решила да ја праша како правилно да го пречека празникот за да пристигне и радоста заедно со него.
„Тое е едноставно“, рекла Гуската. „Празникот доаѓа кај оној кој што се подготвува за него.“
„Но јас се подготвував за него, а радоста пак ја немаше“, велела Мачката.
Гуската и поткренала рамениците, се заблагодарила за чајот и си тргнала. Мачката и Кучето повторно останале сами. Седеле тажни и размислувале. Одеднаш од една дупка се појавил Глушецот. Тој со мака туркал нешто пред себе. Тој викнал:
„Ееј! Мајка ми го испече овој колач посебно за вас. Таа вели дека треба да подарите радост на другите, да направите некој среќен и тогаш празникот ќе дојде и кај вас.“
Насмеаната мајка им мафтала од дупката и им кажала: „Среќен празник!“
Оттогаш Мачката и Кучето го слават секој празник заедно и повеќе не се расправале.