Сите сме запознаени со многу морничави приказни за поединечни трагедии. Духови кои опседнуваат хотели, домови или одредени луѓе. Но, што кога еден настан ќе влијае на стотици ако не и илјадници луѓе? Вклучувајќи ги и оние кои преживеале. Ова се паранормални случувања поврзани со ужасни трагедии.
5. Патници-духови, Јапонија
Во годините по цунамито Тохоку во 2011 година кое одзема 16.000 животи, таксистите во некои од најтешко погодените градови, како што е Ишимомаки, тврдеа дека превезувале „патници-духови“. Јука Кудо, студент по социологија на Тохуко Гакуин Универзитетот, интервјуирала повеќе од 100 возачи како дел од истражувањето за нејзината дипломска теза. Поголем број од духовите биле млади луѓе, кои барале да бидат возени до одредено место и потоа мистериозно исчезнувале. Еден таксист изјавил дека млада девојка барала од таксистот да ја вози до место кое што било тешко погодено од цунамито и кога тој и кажал дека таму повеќе нема ништо таа го прашала „Дали јас сум мртва?“, а кога таксистет се свртел кон неа таа исчезнала.
4. Потреба од поврзување
Жителите кои живеат во близина на Меѓународниот аеродром О’Хара, Чикаго често пријавуваат дека им доаѓаат чудни посетители пред нивните домови. Тие им тропале на вратите а кога ќе отворат поголем дел од нив стоеле избезумени и барале „да се поврзат“ или „да го најдат нивниот багаж“. Пред да успеат луѓето повеќе да се распрашаат мистериозните посетители исчезнувале. Исто така чудни светла и луѓе кои талкаат во ноќта биле забележувани на автопатот до аеродромот. Овие феномени се припишуваат на катастрофалниот пад што се случил во мај 1979 година, кога еден американски ерлајнс McDonnell Douglas DC-10, лет 191, се урнал кратко време по полетувањето поради откажување на моторите. Авионот се претворил во огнена топка и сите 270 патници загинале, како и двајца луѓе кои биле на земјата.
3. Прогонувани од подземјето
Лондонското метро е изградено врз антички гробишта каде што биле закопани 4.000 луѓе од времето на Црната Смрт. Во 2005 година, археолошките ископувања откриле дека голем дел од телата биле исечени и уништени поради изградбата на метрото. Пранормални активности се секојдневно забележувани во метрото, а исто така се случиле и уште неколку трагедии. Во 1943 година, жителите на Bethnal Green во источен Лондон слушнале сирени за воздушен напади. Следела паника во кја сите се упатиле кон метрото, а 173 луѓе, претежно жени и деца, биле прегазени до смрт. Денес работниците тврдат дека слушаат женски или детски плач додека работат во ноќната смена. Понова трагедија се случила на 18 ноември 1987 кога патник запалил цигара и го фрлил запаленото чкорче. Во рок од 15 минути настанала експлозија која убила 31 лице. Од тоа време, многу патници пријавиле дека виделе деловно облечена млада жена со кафеава коса, која ги крева рацете и вреска. Кога се тргнувале кон ена да и помогнат жената исчезнувала.
2. Лофт и Репо
Во 11.42 часот на 29 декември 1972, летот 401, на Eastern Airlines се урнал. Пилотите Лофт и инженерот Репо забележале дека светлото на индикаторот за слетување престанало да функционира и додека тие се занимавале со ова, не забележале дека автопилот го сменил режимот. 75 луѓе преживеале, а 100 загинале. Меќу загинатите биле и Лофт и Репо. Тие потоа почнале да им се појавуваат на луѓето од Eastern Airlines. Еднаш дури Капетанот Лофт разговарал со две стјуардеси и пилотот на друг авион, тие биле толку уплашени што го откажале летот. Дури и потпретседателот на Eastern Airlines изјавил дека разговарал со еден човек што претпоставувал дека бил Капетан на летот, пред да сфати дека бил неодамна починатиот Лофт. Додека пак инженерот Репо се грижел за безбедноста на останатите авиони. Тој се појавил пред друг инженер кој правер проверки пред полетувањето и му рекол: „Не треба да се грижиш за ова јас веќе го средив.“ Три стјуардеси го слушнале Репо како им вели: „Внимавајте на оган во овој авион“. Подцна авинот имал проблеми со моторот и патувањето до последната дестинација било откажано.
1. Повторно заедно
Кога Сорпонг Пеу имал 17 години, неговиот татко Нам, државен службеник бил присилен да влезе во син камион кој го однел во неговата родна Камбоџа. Ова се случило во мрачните години помеѓу 1975 и 1979 година, при што се проценува дека 1,7 милиони луѓе биле убиени од страна на Црвените Кмери. Оттогаш се откопани 309 масовни гробници со околу 19.000 гробови. Кога Нам не се вратил неговото семејство претпоставило дека е мртов. Сорпонг, неговата мајка и 6 браќа и сестри успеале да се извлечат и се преселиле во Канада, каде што Сорпонг имал истакната академска кариера. Во 2010 година кога бил во Токио Сорпонг имал премногу живописен сон во кој тој бил на прошетка со неговиот татко и притоа разговарале. Тоој го раскажал сонот на неговиот брат, а тој без да знае Сорпонг отишол кај јасновидец кој му кажал дека не се работи само за сон, туку дека нивниот татко е навистина жив. Тие иако биле скептични решиле сите заедно да заминат за Камбоџа за да се уверат во тврдењето на јасновидецот. Тие низ грдаот залепиле фотографии од тоа како изгледал Нам пред скоро 40 години. Тие успеале да го пронајдат Нам. Човекот првин не верувал дека тоа се ногивте деца, но кога почнале да разменуваат приказни сфатил дека повторно е заедно со неговото семејство.
Нам исто така 36 мислел дека неговото семејство било убиено и не знаел дека тие успеале да избегаат и да се преселат. Тој раскажал дека бил фрлен во јама со мртовци од која успеал да излезе, за потоа повторно да биде заробен и измачуван, а на крај избегал во џунглата. По одредено време Нам се помирил со фактот дека неговото семејство е мртво и повторно се оженил и имал уште 6 деца. Кога неговата прва сопруга дознала дека нејзиниот 85-годишен маж е жив таа се преселила да живее со него и неговот ново семејство.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.