Анежка Кашпаркова, поранешна земјоделка го прифатила „занаетот“ од друга локална жена која со години го украсувала селото.
Користејќи силна сина боја и мала четка, таа создава сложени цветни модели инспирирани од традиционалната Моравска (јужно Чешка) уметност. 90-годишната жена инсистрира дека ова го работи од задоволство и нема друга корист. „Јас сум уметник“, изјавила таа за чешките медиуми. „Јас само уживам во тоа и сакам да помогнам“. Благодарение на Анежка сега селото Лоука изгледа прекрасно.