Еден човек имал лош ден и решил да поразговара со Бог за тоа.
Човекот: Боже, може ли да те прашам нешто?
Бог: Се разбира.
Човекот: Вети дека нема да се лутиш …
Бог: Ветувам.
Човекот: зошто дозволи денес да ми се случат толку лоши работи?
Бог: Што сакаш да кажеш?
Човекот: Денес се успав…
Бог: Да…
Човекот: На автомобилот му требаше цела вечност за да запали…
Бог: Добро…
Човекот: Денес на ручек сендвичот ми падна од рацете…
Бог: Хмм…
Човекот: На патот кон дома батеријата на телефонот ми се испразни токму во моментот кога добив повик…
Бог: Добро…
Човекот: И како врв на сето тоа кога се вратив дома сакав само да ги ставам нозете во мојата када со масажер. Но, таа не функционираше! Денес ништо не функционираше! Зошто дозволи да се случи ова?
Бог: Ајде да видиме… Денес ангелот на смртта беше на на твојата постела и морав да испратам неколку мои ангели за да се борат за твојот живот. Затоа оставив ти да спиеш во оваа време.
Човекот: О-о-о (смирено)
Бог: Јас не дозволив автомобилот да запали затоа што имаше пијан возач на патот по кој најчесто одиш и ќе доживееше сообраќајка.
Човекот гледал посрамено. Бог продолжил.
Бог: Човекот кој ти го направи сендвичот денес беше болен и доколку го изедеше и ти ќе се разболеше, а знам дека не можеш да отсуствуваш од работа. А ти снема батерија на телефонот затоа што човекот кој ти се јави требаше да те излаже, а подоцна тоа многу ќе ти наштетеше.
Човекот: Сфаќам Боже.
Бог: А, да и таа када со масажер ќе предизвикаше краток спој кој ќе ја уништеше целата електрична инсталација во куќата. Мислам дека не сакаш да останеш во темница.
Човекот: Жал ми е Боже.
Бог: Не жали, само научи секогаш да ми веруваш и во добро и во лошо.
Човекот: Ќе ти верувам
Бог: И не се сомневај дека планот за твојот ден е секогаш подобар од оној кој што го имаш ти.