Со векови дрвото било главен градежен материјал. За време на индустриска револуција, челикот и бетонот го зазедоа неговото место. Во поновата историја, сепак сме сведоци за тоа како оживува интересот за дрво како конкурентен градежен материјал.
Во 2012 година, станбениот блок Форте во Мелбурн, Австралија го постави рекордот за највисоката зграда на светот направена од дрво со 10 ката. Помалку од две години подоцна, таа беше надмината од страна на The Treet, градба со 14 катаво Централен Берген, Норвешка. The Treet потоа е надмината од Брок Комонс зграда во Канада, која имала 18 ката.
Крос –ламинатните дрвени панели се материјалот кој овозможува овие објекти да се изградат без загриженост за безбедноста. Тие се изработени од неколку слоја кои се споени со помош на огноотпорен лепак. Структурната сила на овој материјал е слична како онаа на челикот. Има повеќе придобивки од користењето на овој материјал за градење на облакодери. Првите и главни придобивки се во однос на животната средина.
Проценките објавени од страна на Советот за Зелено Градење на САД велат дека дури 39 проценти од емисиите на јаглерод во САД се резултат на изградбата на згради и нивната употреба. Дрвото е далеку полесно од челик, што го олеснува транспортот до градилиштето, а темелите за градбите не мора да бидат толку длабоки. Овие два фактори ќе служат за намалување на емисиите.
Се разбира, постојат и предизвици. Додека дрвото е обновлив ресурс, од клучно значење е да не го користиме неодговорно и треба да продолжиме со напорите за пошумување, за да не ги исцрпиме нашите резерви. Сепак, дрвените градби нудат некои ветувачки можности за еколошки квалитетна конструкција, се додека се земаат овие фактори во предвид.