Дали е можно да се измерат од една страна сите инспиративни научни откритија и од друга страна, уништувањето и хаосот што го предизвикавме на нашата планета? Со многуте човечки катастрофи и нашата незапирлива желба за технолошка извонредност, како можеме да го дефинираме нашиот статус како цивилизација?
Еден од најлесните начини да одговориме на ова прашање е со користење скалата на Кардашев. Таа постои благодарение на рускиот научник Николај Кардашев, кој во 1964 година излегол со идејата дека статусот на цивилизација зависи од две основни работи – енергија и технологија. Тој верува дека технолошкиот напредок се движи паралелно со количината на енергија која човештвото може да ја искористи (колку повеќе енергија може да произведе општеството, толку технолошки напредува).
Со други зборови, според теоријата на Кардашев, развојот на цивилизацијата (во најширока смисла) е производ на енергија и технологија. Статусот на човештвото се заснова (и одредува) од количината на енергија што ја користи. Скалата на Кардашев има неколку различни категории (нивоа на класификација). Во последните години научниците ја прошируваат, додавајќи хипотетички цивилизации, како што се галактички, интергалактички и разновидни по природа.
Видови цивилизации:
Цивилизација од тип 0: Оваа цивилизација ја екстрахира својата енергија и суровини од органски извори како дрво, јаглен и нафта. Сите проектили што ги користи оваа цивилизација секогаш ќе зависи од хемискиот погон. Бидејќи таквите патувања се многу бавни, цивилизацијата од овој тип (во најголем дел) ќе биде ограничена на сопствената планета. Во моментов, ние луѓето сме ваков вид на цивилизација.
Цивилизација од тип 1: Оваа цивилизација би била малку понапредна од нашата. Таа би можела да ги користи сите ресурси од својата планета, вешто користејќи ја целата нејзина енергија. Според Кардашев и други научници, ако човештвото не ја претвори Земјата во ненаселена пустина, таа би можела да ја достигне оваа фаза на 100-200 години.
Цивилизација од тип 2: Оваа цивилизација би била многу понапредна од нас (со неколку илјади години). Таквото општество би можело да извлече енергија од повеќе планети, да прави меѓупланетарни патувања и да комуницира со други планети.
Цивилизација од тип 3: Оваа цивилизација би можела да ја искористи енергетската моќ на една цела галаксија. Исто така може да ја колонизира, бидејќи општеството би можело да патува во меѓуѕвездениот простор и да живее во многу светови.
Цивилизација од тип 4: Оваа цивилизација би била интергалактичка опфаќајки ја речиси (или) целата вселена. Таа би можела да патува во космички простор користејќи ја енергијата од милијарди ѕвезди, да ја трансформира материјата во енергија, да се телепортира, да направи промени во еволуцијата, да ги регенерира телата и да влијае врз ентропијата.
Цивилизација од тип 5: Таква цивилизација би била способна да излезе надвор нашиот универзум и да навлезе во мултивселени или други повисоки нивоа. Оваа цивилизација би се состоела од суштества со незамислива моќ и способности.