Фотографот Бет Мун од Сан Франциско била на секој континент на планетава, четиринаесет години барајќи ги најретките, најголемите и најстарите дрвја на Земјата за да ги овековечи со нејзината камера. Изложбените фотографии таа ги печати со платинотипија – напорен процес кој во последно време ретко се употребува, но затоа резултатите се со неверојатен спектар на нијанси и се со трајност која може да им парира на илјадагодишните дрвја. Колекцијата на Мун неодамна е објавена во книга наречена „Древни дрвја: Портрети на времето.“