Еден од најголемите митови американската историја е европските истражувачи го купиле островот Менхетн за мониста и ситни орнаменти во вредност од 24 долари. Сепак ова верување е погрешно, но вистинската ценат на островот повторно не е голема како што секој би претпоставил дека требала да биде. Питер Минуит главниот водач на холандската колонија, ја купил областа Менхетн од индијанците, Ленапи во 1626 по цена од 1000 долари.
Забуната за 24 долари доаѓа кога било пронајдено писмото во кое Питер му потврдува на директорот Питер Шаген дека го купиле островот за 60 гулдени. Во 19-тиот век 60 гулдени се сметале за 24 долари и така и останало се додека повторно не била пресметана вредоста и било заклучено дека 60 гулдени биле еднакви на 1.050 долари во 2015. Регионот бил населен со околу 5000 староседелци Ленапи во времето кога Европа за прв пат ја открила Америка. Населувањето на европските жители во овој регион започнува со основањето на холандскиот центар за трговија со крзно, подоцна именуван како Нов Амстердам, во јужниот дел од Менхетн во 1614.
Сепак според писмото кое што го пратил Питер не може да се заклучи точно од кого го купиле островот. Како домородците одлучиле да го продадат островот на колонистите? Некои историчари сметаат дека Холанѓаните биле насамарени и дека купиле земјата од група домородци што живееле на Лонг Ајленд и дека само поминувале преку Менхетн. Тие наводно успеале да ги измамат Холанѓаните кои не знаеле кој живее таму дека земјата е нивна и си заминале со пленот.
Иако главната приказна е дека Холанѓаните ги измамиле Ленапите, бидејќи тие не знаеле која е вредноста на парите и што претставува да се продаде земјиште, некои историчари тврдат дека најверојатно дошло до недоразбирање. Индијанците имале поинакво сфаќање за продажбата на земјиштето и тоа за нив не претставувало имот со кој може да се тргува. Затоа кога Холанѓанецот Питер барал од нив да му го продадат земјиштето, тие тој збор го сфатиле како барање на дозвола за тој и неговите луѓе да ги извршуваат своите потреби за работа, да ги користат ресурсите и да живеат на истата земја како и тие.
Затоа најверојатно работите кои им ги дале Холанѓаните во вредност од 1.000 долари, Индијанците ги сфатиле како подарок за добра намера, а не како исплата. Во 1664 регионот е освоен од Англија и градот од Нов Амстердам преминува во Њујорк.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.