Тим на истражувачи од Универзитетот во Бафало дизајнирале компјутерски систем за безбедност кој го користи човечкото срце за отклучување. Системот ја мери неговата големина, форма и движења и продолжува да го следи на далечина до 30 метри.
Дизајнот користи Доплеров радар за мерење на срцето. Потребно се само околу 8 секунди за прв пат да се скенира големината, обликот и ритамот на срцето, но потоа тој постојано ќе го следи срцето од далечина. Според Венјао Ксу, главен автор на истражувањето и доцент во Одделот за компјутерски науки и инженерство, системот не претставува ризик по здравјето, бидејќи јачината на сигналот на радарот е многу помала од онаа на Wi-Fi. Всушност, тоа е околу 5 миливати, или „помалку од 1 процент од зрачењето од нашите паметни телефони.“ Според Ксу ќе биде невозможно да се измамами системот, бидејќи „не се пронајдени двајца луѓе со идентични срца“.
Биле потребни три години за да се дизајнира системот и има неколку предности во однос на останатите системи, како што се оние со отпечаток од прст и скенирање на мрежницата. Вклучувањето е целосно пасивно и нема потреба од внесување на било што од страна на корисникот, што значи дека тие едноставно треба да бидат блиску до нивниот компјутер за да го отклучат. Второ, бидејќи постојано ги набљудува корисниците, нема да дозволи на друго лице да го користи компјутерот ако моменталниот сопственик не е присутен. Ова значи дека луѓето нема да мора да се грижат за одјавување кога ќе станат и ќе заминат.
„Ние би сакале да го користиме за секој компјутер, бидејќи секој треба да има приватност“, вели Ксу, пред да додаде: „Логирањето и одјавувањето се досадни.“ Прелиминарните тестови покажале дека системот е точен со 98,61 проценти, со стапка на грешка од 4,42 проценти. Исто така, има опсег од 30 метри со што би бил погоден да се користи на аеродромите.
Ксу и неговиот тим ќе продолжат да го унапредуваат системот и нивната цел е да го направат што е можно покомпактен за да може да се инсталира на краевите на секој лаптоп и персонален компјутер.