Џесика од Канада го охрабрува нејзиниот 8-годишен син да настапува како Drag Queen, односно да се облекува во женска облека и да настапува така на сцена. Момчето Немис, настапува под името Летиција и се облекува како девојче  кога имал 7 години. Луѓето станале загрижени не само затоа што момчето се облекува како жена, туку и костимите кои ги носи се прилично провокативни и секогаш носи премногу шминка. Тие ја осудуваат Џесика дека го искористува детето за да дојде до пари.

Немис станал познат на јавноста од мај кога бил присутен на Drag Queen натпревар и победничката/победникот, го викнале да им се придружи на сцената. Тој и неговата мајка се појавиле на британското ТВ шоу This Morning via a live link и тогаш почнале критиките да се шират со голема брзина. Џесика во интервјуто изјавила дека таа самата го шминка Немис и дека кога и кажал дека сака да биде трансвестит таа сметала дека тоа е „најпрекрасното нешто“.

Водителот на емисијата посочил дека Немис е премногу мал за да настапува на овој начин, на што неговата мајка одговорила дека сега за сега настапува само на одредени фестивали, затоа што клубовите каде што вообичаено настапуваат овие луѓе се за 18+. На социјалните мрежи Твитер и Фејсбук веднаш откако емисијата била емитувана голем број на луѓе пишувале за тоа како Џесика го претставува нејзиното дете како сексуален објект и дека некој треба да ја запре жената и нејзината намера.

Ова се само неколку од многуте коментари кои осамнаа на Твитер: „Ова е навистина вознемирувачко за гледање. Мајката ужива во вниманието.“, „Само погледнете ја мајката и веднаш ќе видите дека не се грижи за доброто на детето се додека таа добива публицитет и пари.“ , „Ова е многу вознемирувачко видео на 8-годишно ДЕТЕ во средина наменета за возрасните и родителот тоа го поддржува. Ова е многу загрижувачко и тажно.“

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено