Денес не можеме да побегнеме од влијанието на рекламите. Но, тие не се изум на модерното време. Без разлика дали имало долари, динари или денари во џебот, секогаш ќе се најде некоја личност која ќе ги убеди луѓето да ги потрошат на реклама.
Монети
Одлична реклама која влегува во умот на потрошувачот без тој да сфати. Монетите секогаш биле орудие на пропагандата, а така останува и денес. Без разлика дали станува збор за кралицата Елизабета, Цезар, Брут, императорот Трајан, како и Александар Македонски, сите тие се рекламирале преку монетите, кои ја претставувале нивната моќ и влијание.
Политиката на Помпеја
Проституцијата најчесто се нарекува најстарата професија во светот, но политиката е прилично стара професија исто така. Како и денес кога треба да се одржуваат избори се поставуваат билборди и плакати за политичарите и политичката партија. Помпеја не била исклучок, низ градот има неколку натписи на ѕидови на кои се убедуваат граѓаните да гласаат за одредена личност, на еден од нив пишува: „Соседите ве молат да го изберете Луциус Статиус Рецептус со судска власт, достоен човек. Амилиус Целер го напишал ова, сосед. Ти љубоморен кој ќе го уништиш ова, да се разболиш.“
Продавницата за игли на Жинан Лиу
Денес флаерите се секојдневие. Во Кина тие се појавиле многу одамна и пример за тоа е флаерот од продавницата за игли на Жинан Лиу во кој пишувало: „Ние купуваме висококвалитетни челични стапчиња и правиме квалитетни игли, за да бидат подготвени за употреба во домот за кратко време“. Исто така имало и слика од зајак кој држи игла.
Печатени цигли
Во Месопотамија имињата на владетелите кои изградиле одредени објекти биле печатени на самите цигли. Навуходонозор II кога го градел Вавилон на секоја цигла напишал „јас сум“, но кога градбата била готова печатите не биле на видлива страна, но кога Садам Хусеин повторно ги изградил рушевините на Вавилон на секоја цигла напишал „Садам Хусеин, заштитник на Ирак, повторно изградена цивилизација и повторно изграден Вавилон.“ и ги поставил на видливата страна. Потоа циглите биле отстранети.
Спонзорирани игри
Денес е нормално во спортот да има спонзори, а оваа практика трае уште од античкиот период. Кога се одржувале гладијаторските борби на ѕидовите од арената со големи букви било испишано кој плаќал за одржување на игрите. „20 пара на гладијатори на Гнај Алиус Нигидиус Маиус. . . ќе се борат без јавен трошок во Помпеја.“ Спонозрите се надевале дека кога ќе дојде време за гласање луѓето ќе се сетат кој им приредувал најдобра забава.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.