Повеќето пронајдоци се измислени од војската. За време на Студената војна се правеле доста откритија, кои првично биле тајни. Поранешната СССР не е исклучок од овој факт. Не секој проект бил успешен, а некои од пронајдоците беа доста чудни. Советските научници имале идеи со револуционерен потенцијал, но не секогаш успевале да ги реализираат во пракса. Други амбициозни научни идеи и воени програми од ерата на СССР станале реални – звучното и ласерското оружје. Еве некои од најчудните советски пронајдоци, некои за добро или зло кои денес се напуштени:
„Борбениот крт“
Идејата за машина која пробива низ карпите под земјата била инспирирана од советските научници во почетокот на 20 век. Воени соништа за машина, со потенцијал да се уништат подземните објекти на непријателот. Автор на идејата за таков тип на оружје е инж. Петар Рачазов. Во 1904 година тој бил убиен и дури во 1930-тите година проектот бил обновен. Инж. Рудолф Трабелевски дошол до примероците на германските подземни машини и со поддршка од властите, го градел првиот прототип на советската машина за подземно дупчење. Подземната машина е дизајнирана со повеќе функции – да прави геолошки истражувања, да спојува кабли и да минира. Проектот повторно бил напуштен.
Во 1960-тите, Никита Хрушчов ја обновил идејата. Во Крим била изградена специјална тајна фабрика за подземни машини. Научниците развиле нова модификација која имала доста исклучителни можности. Тие ја нарекле машината „Борбениот крт“. Таа била долга 35 метри и работела со користење на нуклеарна енергија. Развивала максимална брзина на движење од 7 км / ч и можела да пренесува пет члена на екипажот и 15 војници.
Во 1964 година се одржала првата проба на „Борбениот крт” во планината Урал. Резултатот бил одличен и машината успешно влегла во планината и уништила подземен бункер. Но, во вториот тест машината експлодирала и екипажот загинал. Причината за ненадејна несреќа не била откриена, не следеле други тестови и проектот бил напуштен.
„Мозочно радио“
Невообичаен е концептот на “мозочно радио” – идеја на рускиот електроинженер Бернард Каџински. Во 1923 година, тој ја претставил својата идеја за пренесување импулси во мозокот и нивно трансформирање во сигнали на долги растојанија. Според него, луѓето се био-радија кои имаат способност да емитуваат и примаат сигнали. Тој ентузијастички ја ширел својата идеја со предавања во Европа и Северна Америка. Неговиот проект е поддржан од советските власти. Една година подоцна тој ги направил првите обиди. Целта на експериментот била да се дејствува на кучиња користејќи ниски фреквенциски бранови. Биле направени обиди да се „убеди“ куче да земе книга од еден куп, а потоа да ја однесе до соседната соба на научниците.
Експериментот се покажал како успешен, но експерименталните животни потоа престанале да ги извршуваат наредбите. Тајните служби биле заинтригирани од проектот и способноста да се влијае на човечката психа. И покрај верувањето во неговата теорија, Каџински одбил да работи на проектот, но експериментите биле направени од други научници. Недостатокот на успех и напредок ставиле крај на концептот.
Климатско оружје
Во 1960-те година од двете страни на железната завеса се работело врз идејата за создавање на климатско оружје. И Русија и САД тајно правеле обиди за влијанието врз временските услови, бидејќи биле убедени дека пронаоѓањето на начин за тоа, ќе донесе доминација. Во 1977 година, ОН усвоиле конвенција за забрана на употреба на оружје за климатските промени, но двете земји продолжиле со експериментите.
Изградиле метеоролошки комплекси кои имале потенцијал да влијаат на процесите во јоносферата. Во 80-тите години, во околината на градот Василсурск бил изграден истражувачки центар Сура. Тој имал јоносферски грејач. Десетина години подоцна бил создаден американскиот комплекс ХААРП, аналогно на Рускатата лабораторија. Луѓето кои живееле во близина на комплексот виделе чудни пожари на небото. При манипулација на процесите во јоносферата се формирал феноменот на плазма сфери. По распадот на СССР, поради недостаток на финансиски средства, комплексот Сура работел активно само 100 дена во годината. Но експериментите продолжуваат.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.