Едвард Тич, денес познат како Црнобрадиот имал релативно нормално детство. Едвард бил роден во добро образовано, аристократско семејство, кое било способно да чита и пишува, вештина што им била дадена многу малку луѓе во тој период. Едвард имал подеднакво образована младост, која ја поминал „заробен“ со приказни за далечните експедиции и истражувања на нови светови.
Пред да стане пират тој бил во служба на кралицата Ана, во војната која траела од 1702 до 1713. Кога се вратил од војната на Едвард обичниот живот му бил досаден. Кога се запознал со капетанот Бенџамин Хорниголд во 1716 година тој станал негов ученик и го учел „занаетот на пиратите“ и го земал името Црнобрадиот. Тој бил образован и многу лесно учел од Бенџамин. Првиот брод кој го освоил бил бродот „Бети“ во 1717 година, а само еден месец подоцна ги освоил бродовите „Роберт“ и „Добра намера“. Кон крајот на годината Црнобрадиот сакал да преземе и француски брод со робови, „La Concorde“.
Тој не бил заинтеренсиран за робовите на бродот, туку за самиот брод, затоа што бродовите за робови биле побрзи и издржливи. Тој го преземал бродот направил неколку надоградби и му го дал името „Одмаздата на кралицата Ана“. На едно од неговите патувања тој го запознал човекот по име Стед Бонет и тие заедно со посада од 300 луѓе пустошеле бродови и владееле со Карибите.
Се верува дека Црнобрадиот намерно се обидел да го потоне бродот за да ги убие неговите соработници, затоа што успеал да собере неверојатно богатство. Но, иако делумно успеал во тоа тој бил фатен од кралската морнарица во заседа. Црнобрадиот бил застрелан 5 пати и избоден 20 пати. Неговото тело било оставено таму, а главата му била отсечена и однесена како доказ за неговата смрт.
На 21 ноември 1996 година остатоци од бродот на Црнобрадиот биле пронајдени. Топови, пушка и меч биле извадени од длабочините. Дури и до денес постои легенда за „ковчегот на мртовецот“, односно дека Црнобрадиот лута по бреговите на Северна Каролина со надеж дека ќе ја пронајде главата.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.