Пробивот во „мека роботика“ значи дека научниците сега се еден чекор поблиску до создавање на машини кои изгледаат како живи суштества. Истражувачите на Columbia Engineering развиле 3D печатено синтетичко ткиво кое може да делува како активен мускул.
Материјалот кој може да се притиска, повлече, свитка и извитка (благодарение на употребата на силиконска гума и микро-меурчиња кои испуштаат етанол), исто така, може да носи илјада пати повеќе од својата тежина. Не само што пронајдокот може да резултира со супер-силни машини (како Терминатор кој работи во производството), туку исто така ќе ги ослободи роботите од нивните окови.
Синтетичката технологија за мускулите во моментов се потпира на врзани надворешни компресори или високонапонска опрема. Но, роботите опремени со новото ткиво теоретски би можеле да се ослободат од нив за да се движат како луѓе, овозможувајќи им подобро да фатат и да соберет предмети. Што е голема работа, бидејќи планот е на крајот овие ботови да помогнат со неинвазивни операции и да се грижат за старите лица – меѓу другите задачи.
„Ние направивме големи чекори кон создавање роботи, но телата на роботи се сè уште примитивни“, вели водечкиот научник Ход Липсон. „Ова е големо парче од сложувалката и како и биологијата, новиот побудувач може да се обликува и да се преобликува на илјадници начини. Ние надминавме една од последните бариери за создавање на реални роботи.“
По 3D печатење во саканата форма, тимот електрично го активира вештачкиот мускул користејќи тенка резистивна жица и ниска моќност (8V). Тие потоа го тестирале во различни роботски апликации, каде што покажало значителна способност за проширување и контракција. Истражувачите тврдат дека ткивото е исто така способно да се прошири до 900 проценти кога електрично се загрева до 80 ° C.
Врз основа на нивните првични наоди, тимот планира да вклучи проводен материјал за да ја замени потребата за жица за поврзување, а понатаму имаат намера да го комбинираат со вештачка интелигенција која може да научи да го контролира мускулот, што ќе резултира со (тие се надеваат) „природно“ движење.