Протера постави нов рекорд за најголемо поминато растојание со електрично возило, со само едно полнење, 1.772 километри. Овој подвиг е уште поимпресивен, имајќи го предвид фактот дека тој бил постигнат од Catalyst E2 Max, автобус долг 12 метри.
Автобусот бил опремен со 660 kWh батерии, а според компанијата, може да се врати на патот со полн капацитет за само еден час користејќи го системот за полнење со голема брзина на Протера. Претходниот рекорд за поминато растојание на едно полнење бил поставен од Schluckspecht E, експериментално електрично возило.
„За нашиот прилично тежок и голем електричен автобус да го сруши светскиот рекордот од 1.630 километри, кој беше поставен од лесен патнички електричен автомобил, 46 пати полесен од Catalyst E2 max, е вистински подвиг. Ова рекордно достигнување е доказ за наменскиот дизајн на електричниот автобус на Протера, енергетски густи батерии и ефикасен погонски мотор.“, изјавил Мет Хортон, главниот комерцијален директор на Протера.
Додека автомобилите секогаш се главна точка на акцентот кога станува збор за електрични возила, се менуваат сите видови на транспорт за да се отстрани нивната зависност од фосилни горива. Електричните камиони имаат потенцијал да ја револуционизираат транспортната индустрија, поштата на Велика Британја веќе користи електрични комбиња, а првата електрична луксузна јахта беше претставена овој месец.
Ефектот што овие електрични возила го имаат врз животната средина е добро документиран. Сепак, технологијата, исто така, обезбедува и други посебни предности во однос на традиционалните опции. Електричните автобуси нудат помала цена-по-километар од нивните еквиваленти на гориво, а електричните погонски синџири имаат помалку подвижни делови, што треба да значи дека поправките се поретки и трошоците за одржување се намалуваат. Компаниите како Протера, се надеваат дека овие придобивки ќе доведат до нивно брзо прифаќање.