Смртта е најлошата казна што може да се добие. Смртна казна се дава само во ретки случаи, во кои се земаат во предвид многу околности. Кршењето на пенкалото, со кое е напишана смртната пресуда, е традиција која се почитува во Индија и некои други земји, уште од 17 век, кога е воспоставена Британска Индија – британска колонија, која опстојувала до средината на 20 век.
Оваа практика не е опишана во ниту еден закон и се практикува повеќе од сентименталност, не затоа што некој закон го налага тоа. Стара поговорка вели дека „Смртната казна е тажна, но понекогаш неопходна мерка, а кршењето на пенкалото со кое е потпишана ја изразува оваа тага“. Но, кои се причините поради кои оваа традиција продолжува и денес?
1. За да не се користи никогаш повеќе
Пенкало, со кое е потпишана одлуката за одземање на нечиј живот, не треба да се користи повторно за истата причина. Се верува дека пенкалото е „извалкано“ со крвта на осуденото лице и мора да биде уништено.
2. За да не може пресудата да биде променета
Другата причина е дека штом еднаш смртната пресуда е потпишана, судијата нема право да ја поништи одлуката или да го преработи документот (ревизијата не е дозволена). Со овој симболичен чин се покажува дека смртната пресуда е издадена еднаш засекогаш.
3. За да не го прогонува вина
Кршење на пенкало сведочи за тоа дека судијата се обидува да се дистанцира од вината затоа што го осудил човек на смрт. Самото соопштување на некој дека добил смртна казна е тежок товар што останува долго на рамениците на лицето кое ја потпишало одлуката.
4. Суеверие
Пенкалото се крши, бидејќи се верува дека потоа, судијата не сака да му се наметнува повторно да треба да потпишува решение за нечија смрт.
Одлуката за смртна казна во повеќето случаи е исклучително тешка. Многу луѓе надвор од судот (семејството на осудениот или други набљудувачи запознаени со случајот) се противат на таква сериозна мерка и честопати се обидуваат да и се спротивстават.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.