Кога еден остров е изолиран од цивилизацијата станува совршено место за да се случат лоши работи. Некои острови не виделе ништо помалку кошмари.
5. Сан Серволо- Лудница
Сан Серволо се наоѓа во близина на брегот на Италија и денес служи како музеј за мрачното минато на островот. Во минатото, поточно во 18-тиот век островот бил болница за војниците, но во 19-тиеот век била претворена во „религиозна лудница“. Пациентите биле измачувани, така што биле оставани во самица без светлина, ги врзувале со синџири и окови и користеле најразлични примитивни методи за да „оздрават“ пациентите.
4. Островот Назино- Руска „населба“
Островот Назино е опустошен, североисточен речен остров 2.400 километри од Москва. На овој остров, во 1933 година, биле протерани 6.200 луѓе кои се сметале за недостојни од руската влада. Тие не добиле прибор, алатки и резерви. Единствено на брегот им било фрлено сурово брашно, поради кое било предизвикано стампедо за да стигнат до него. Единствената вода била контаминирана речна вода, а оние кои пиеле биле жртви на дизентерија. Оние кои се обиделе да избегаат од островот биле застрелани од страна на чуварите, без разлика дали тие биле мажи, жени или деца. Островот бил прекриен со тела на мртви луѓе, а оние кои останале живи кинеле парчиња месо од мртвите тела за да преживеат.
3. Тибурон- Злато и канибализам
Островот Тибурон е најголемиот остров во Мексико. Топол, неплоден, исполнет со отровни животни и дом на група луѓе наречени Сери кои долго време се етикетирани како канибали. Исто така островот има репутација дека содржи големо богатство и благородни метали. Канибалите Сери имале ритуал во кој живи луѓе ставале на клада и сечеле делови од нивните тела, ги јаделе пред жртвите и гледале како умираат. Повеќе луѓе исчезнале од овој остров од почетокот на 1900 година.
2. Островот Сорок- Лепрозната колонија на Кореја
Овој остров бил колонија за лепрозните повеќе од 100 години. Првин бил во сопственост на Јапонија, а потоа Кореја. Луѓето кои биле прогонети таму, кои наводно требале да бидат пациенти, всушност станале затвореници. Тие работеле физички работи во текот на целиот ден, а доколку не ги извршувале работите биле брутално претепувани. Голем дел од пациентите не биле лекувани за да можат лекарите да експериментираат со нив. Некои од нив биле стерилизирани, а на оние на кои им било дозволено да стапат во брак и да имаат деца морале да им ги предадат децата на властите.
1. Островот на куклите- Клетвата на девојчето
Дон Јулиан бил земјоделец кој живеел на мал остров во близина на Мексико. Тој тврдел дека бил прогонуван од мало девојче кое се удавило во каналот, чие што тело го пронашол Дон. За да го смири нејзиниот дух Дон поставил кукли по целиот остров. Во 2001 година телото на Дон било пронајдено во истиот канал во кој починало девојчето. Туристите кои го посетуваат тврдат дека куклите прават морничави движења, ги движат очите и главите и шепотат. Исто така многу луѓе слушнале плач на мало дете.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.