Дури и денес, жените кои што живеат во овие 10 земји не се безбедни. Нивната безбедност е сериозен проблем, иако светот се движи напред. Жените од овие земји се силувани секој ден, страдаат од инциденти на семејно насилство или трговија со луѓе. Секој има потреба од сигурност, што е основно човеково право, а сепак постојат земји каде што правата на жените се газат секој ден.

1. Колумбија

Колумбија влегува во листата на опасни земји, бидејќи таму е највисок процентот на жени, полеани со киселина. Во повеќето случаи жртвите не добиваат правда. Само во 2015 година се регистрирани 45.000 случаи на семејно насилство во Колумбија.

2. Авганистан

Околу 87% од жените во Авганистан се необразовани. 70-80% од девојчињата се принудени да се омажат на рана возраст – обично помеѓу 15 и 19 години. Случаите на семејно насилство, кои завршуваат со смрт, се меѓу 400 и 100 000 годишно.

3. Индија

Жените во Индија се често жртви на силување, трговија со луѓе и семејно насилство. Што се однесува до статистичките податоци, во Индија се регистрирани 50 милиони абортуси во последните 30 години.

4. Демократска Република Конго

Во Демократска Република Конго, главен проблем кој им се заканува на жените е силувањето. Секој ден сексуално се злоупотребуваат околу 1.150 жени или 420.000 жени годишно. Покрај тоа, присутни се и здравствени проблеми, при што 57% од бремените жени имаат анемија.

5. Сомалија

Сомалија е земја во која законите речиси никогаш не се почитуваат, а сексуалните напади врз жените се нешто нормално. Покрај тоа, браковите со деца, како и женското обрежување, се премногу чести.

6. Тајланд

Тајланд изгледа како неверојатна земја во однос на туризмот, но кои се проблемите на жените? Тоа е земја во која тие се подложени на сексуални напади секој ден, главната причина е лесниот пристап до алкохол. Луѓето таму се екстремно конзервативни, така што на жените на кои им е дозволено да се облекуваат „несоодветно“ и да одат сами по улиците многу често се жртви на силување или грабеж.

7. Кенија

Жените во Кенија добиваат многу мал дел од приходите што ги заработуваат, иако земјата има висок процент на земјоделско производство. Покрај тоа, голем дел од жените се необразовани и бидејќи немаат речиси никакви права над својот живот, често се заразуваат со различни болести.

8. Бразил

Истражувањата покажуваат дека во Бразил на секои 15 секунди по една жена е сексуално злоупотребувана, а на секои 2 часа се убива по една жена.

9. Египет

Насилството и силувањето се толку вообичаени што дури и некои туристи се жалат додека ја посетуваат земјата. Жените немаат право да одлучуваат за нивниот брак, не добиваат старателство над децата, немаат право да бараат развод или наследство.

10. Мексико

Во периодот 2011-2012 година, во Мексико исчезнале 4.000 жени. Во повеќето случаи, тие не добиваат правда кога стануваат жртви на сексуално или семејно насилство.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено