Новиот револуционерен телескоп што ќе ги намалат трошоците за проучување на егзопланетите е во изработка, но потребни се повеќе средства за научниците да дојдат до зацртаната цел. „The PLANETS Foundation“ креира телескоп со кој ќе можат да се истражуваат планети на оддалеченост од 24 светлосни години, да ги открие знаците на живот и да обезбеди приказ на океани и континенти. Досега само можевме да ја процениме веројатноста за присуство на океани и континенти и тоа се уште е хипотетичко.

Овој телескоп надалеку ги надминува аспирациите на останатите телескопи за истражување на далечните планети и може да ја однесе потрагата по живот подалеку од сите други. Откако ќе биде конструиран, првата задача на телескопот „Егзо Лајф“ ќе биде истражување на Проксима Б, егзопланета во ѕвездениот систем на Проксима Кентаури откриена минатата година од страна на Европската вселенска опсерваторија, исто така, ќе бидат испитани и другите системи на ѕвезди, Алфа Кентаури А и Б, за да се пронајдат планети слични на Земјата.

„Егзо Лајф“ не е првиот телескоп на кој работеле од „The PLANETS Foundation“. Тие работеле на телскопот „Colossus“ кој ќе биде најголемиот светски оптички и инфрацрвен телескоп дизајниран да открие екстрасоларен и вонземски живот, а тука е и телескопот „Планети“, дизајниран да проучува слабо видливи околини, како што е атмосферата на светли егзопланети, био-потписи на планети кои би биле потенцијални за живот и екзо-атмосфери на планети во нашиот сончев систем.

Кампањата за собирање на финансиски средства за изработка на „Егзо Лајф“ ќе заврши за 19 дена. Кога ќе се исполни потребната сума, телескопот ќе биде израден во пустината Атакама во Чиле, заедно со „Colossus“ . Телескопот „Планети“, пак, ќе биде изграден на врвот на вулканот Халеакала во Мауи, Хаваи.

Сподели на Facebook
пати видено