Многу религиозни артефакти, претежно статуи или слики на Богородица и Исус Христос, биле предмет на тврдења дека станува збор за чуда или божествени настани. Додека огромното мнозинство од нив се откриени како измами наменети за парична добивка или дури и да привлечат повеќе луѓе во црквата, за некои се уште нема објаснување.

10. Пресвета Богородица, Ирска, 1985

Во малото градче Балинспитл во Ирска во 1985 година луѓето почнале да пријавуваат во полицијата дека статуата на Пресвета Богородица поставена покрај патот правела одредени движења. Полицаецот Џон Мури не верувал во тоа се додека истото не му го кажала неговата сопруга и додека и самиот не се уверил. Тој и многу други кои ја посетиле статуата тврдат дека таа понекогаш лебди во воздухот и прави одредени движења.

9. Богородица ги помера усните за време на молитва, Сиднеј, Австралија, 2015

Многу сведоци тврдат дека сликата на Богородица во црквата Свети Чарбел во Сиднеј ги помера усните за време на молитва. Кристен Кероиз тврди дека таа дури и успеала да го сними чудото. Сепак и покрај многуте сведоци од црквата потврдиле дека поради осветлувањето изгледа дека Богородица ги движу усните, но всушност се рабтои за оптичка илузија.

8. Статуата на Пресвета Богородица на Фатима расте, Малезија, 2015

Во мала црква во Малезија верниците тврделе дека статуата на Богородица пораснала, им се смешкала па дури и плачела пред нив. Црквата уште чека потврда од Ватикан за да ја прогласи статуата за чудо.

7. Богородица со солзи од масло, Таршиха, Израел, 2014 година

Скромното семејство Кхоуру еден ден забележало дека нивната статуа од Богородица биле прекриена со масло. Амира Кхоуру ја избришала статуата но потоа забележала дека таа повторно е прекриена со масло и тоа доаѓа од нејзините очи. Во рок од неколку дена откако приказната била објавена, домот на Кхоуру го посетиле над 2.000 верници.

6. Крвавите солзи на Богородица, Боливија, 2016 година

Црквата која е задолжена за тој регион во Боливија ја прогласила статуата за чудо, но Ватикан уште ја нема одобрено како таква. Локалниот свештеник тврди дека и самиот ги забележал крвавите солзи кои паѓаат од очите на статуата за време на молитва. Земени се примероци од наводната крв, но резултатите уште не се достапни до јавноста.

5. Миризливи солзи на Мадона, Австралија, 2002 година

Сопственикот Пети Повел открил дека статуата која што ја купил во 90-тите години плаче, а солзите имаат пријатен мирис. Тој веднаш ја однел во црквата каде што се собрале многу верници. Научниците ја испитувале статуата но не можеле да откријат од каде доаѓаат солзите затоа што немало ниту најмала пукнатина каде што би можела да влезе течност, а внатре статуата не била шуплива.

4. Дева Марија крвари од главата, Батон Руж, Луизијана, 2012

Локален жител по име Доан бил запрепастен кога забележал дека неговата статуа од Дева Марија крвари од темето, во истото се уверила и неговата сопруга и веднаш им раскажала на соседите и таа вечер сите се собрале во нивниот дом за да се молат. Во наредните неколку денови голем број на верници го посетиле домот на Доан. Експертите веруваат дека ова не е чудо туку дека верниците сакаат да ги гледаат работите од духовен аспект.

3. Богородица се насмевнува и плаче „масло за исцелување“, Онтарио, Канада, 2010 година

Во Католичката црква Св. Чарбел Маронит статуа од гипс им се насмевнувала на верниците а во вечерните часови леела солзи со лековито масло. Сопственичката на статуата Фатиа Ибрахим која ја донирала на црквата тврдела дека сето тоа е план на Богородица за да ги привлече луѓето почесто да се молат. Исто така таа вели дека идејата да ја донира во црквата била на Богородица и таа самата побарала од неа да и изгради пиедестал.

2. Исус плаче, Кароди, Индија, 2016 година

Статуата преку која е прикажано распнувањето на Исус во мало село Кароди, стана позната во медиумите откако била преплавена од верници кои сакале да соберат од солзите затоа што сметале дека се лековити. Тука морала и да се вмеша полицијата затоа што луѓето премногу се туркале во гужвата. Како и за претходните неколку статуи и за оваа е поднесено барање до Ватикан за да се утврди нејзината автентичност.

1. Исус ја движи главата, Тепетитлан, Мексико, 2017 година

Во малата црква Санта Ана во Тепетитлан еден човек ја снимал богослужбата во април 2017 година, а на снимката наводно фатил и божествен чин. Видеото веднаш завршило на социјалните мрежи, а верниците почнале да го класифицираат како „чудо“. Парохискиот свештеник Хуан Антонио Гера Луле тврди дека иако инцидентот бил „нешто убаво што се случило“, тој не верувал дека станува збор за чудо и одбил да го пријави инцидентот во Ватикан.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено