Ти Џеј Смит, 11-годишно момче од Вичита Фолс, Тексас е пример за тоа како изгледа еден херој. Брзото размислување на Смит помогнало да се спаси едно седумгодишно девојче да избега од страшна судбина.
Сè започнало кога Смит излегол да се игра сам во неговиот двор. Тој забележал дека на мало девојче кое возело велосипед недалеку од него, му се приближил маж, за кој Смит претпоставил дека девојчето не го познава.
Човекот го грабнал девојчето и иако Смит на момент помислил дека можеби е некој нејзин роднина, внатрешното чувство му велело дека нешто не е во ред. „Тој ја крена и продолжи да пешачи со неа.“, се сеќава Смит. Тој можеби е многу млад, но сигурно не е наивен, па одлучил дека треба да побара помош. Веднаш побрзал да ја најде возрасна личност што ја познава и да му каже за инцидентот. Ти Џеј успеал да го сретне неговиот сосед Бред Вер, и му кажал што видел.
Откако Бред и неговата сопруга слушнале што се случило веднаш се упатиле кон местото каде што Смит го видел девојчето. Бред, кој исто така е родител, запрепастен од тоа што се случува на неговата улица почнал да го брка човеко, а потоа тој и сопругата се качиле во автомобил и тргнале во потера, а Ти Џеј продолжил да трча по нив.
Бред го следел човекот до напуштена уличка која водела до празна куќа, а кога пристигнал таму Ти Џеј веќе бил пред вратата и му покажал со прст дека човекот заминал зад куќата. Киднаперот сакал да го внесе девојчето во куќата преку прозорец, но тогаш сопругата на Бред му кажала веднаш да го спушти детето.
Киднаперот го спуштил детето и се обидел да избега, но Бред го соборил и успеал да го задржи додека да стигне полицијата. Полицијата го уапсила киднаперот и откриле дека се работи за 26-годишниот Раешав Перез, кој веќе бил познат на полицијата како сексуален предатор и најверојатно планирал да го силува 7-годишното девојче.
Сите во соседството а најмногу родителите биле воодушевени и благодарни на храброста на малото момче и двајцата сопружници. Тие станале нивни херои, а Смит дури добил и значка за почесен полицаец од полицијата во Вичита, која што ја носел на училиште наредниот ден.