Бог го погледна својот ангел и го праша:
– Кажи, што тие мачи?
– Па човекот кој го чувам … Жив е. Има автомобил. Пари. Оди на работа. Но, тој не е среќен. Се надева на нешто.
– На што?
– Тешко е да се каже. Двапати му покажав среќен сон, но тој не го гледа. Вели дека се уморува на работа, а кога не е на работа, не знае што да прави.
– А како е на работа?
– Како и сите. Шефот … суета … постојано пуши цигари … интриги …
– Дали неговиот шеф е строг?
– Па, шеф како шеф. Како и насекаде. Но, не знам зошто се плаши од него …
– Дали му помогна да се ослободи од неговите стравови?
– Да-а-а. Уште на патот кон канцеларијата. Мавтав со крилјата над главата. Ги избркав облаците. му шепнав на увото за да го забележи сонцето … Ја пуштив неговата омилена песна. Напишав порака на еден билборд. Пронајде 500 денари пред канцеларијата … Но, ништо не помогна.
– А убав странец на патот? На потпетици? Која ќе го погледне?
– Па, ме навредуваш … Ги судрив на железничката станица еден кон друг. Тие речиси се бакнаа!
– И како е?
– Па, никако. „Извинете“ и пак се сврте кон црните мисли.
– А после работа?
– Пазарува. Телевизија. Евентуално миење на садовите. Интернет. Сон.
– Па, дали го расипа телевизорот?
– Се разбира. Но, тој си купи нов …
– Дали го исклучи интернетот?
– Пет дена по ред му создавав проблеми. Во почетокот многу се налути, но потоа почна да останува на работа. До доцна навечер.
– Така. А за време на викендите?
– Спие до ручек. Потоа чисти и уредува. Вечер или телевизија, или со пријателите, бесмислени разговори, пиво, вотка. Се враќа на полноќ. А наутрото се буди со главоболка. Потоа го вклучува или телевизорот, или пак е пред компјутерот.
– А таа?
– Таа живее многу блиску. Само три куќи од него. Одат во ист супермаркет, во исто време, купуваат исти нешта.
– Дали правеше редовно да се сретнуваат?
– Да, се разбира. Се сретнаа „случајно“ во трговскиот центар, како и во едно кафуле во паркот – два пати за еден ден !!!
– Дали ги провери нивните линии на судбината? Можеби не сум ги создал еден за друг во овој живот?
– Да, тие се компатибилни! Има работа … Таков град, таков живот … Не можам да сторам повеќе! Тоа е неостварлива задача!
– Не очајувај! Донеси ја листата за тешки ситуации.
Ангелот му носи црн тефтер на Бог:
– Еве го тука!
– Прочитај ја првата страница.
– Грип со висока температура. Вирус со повраќање. Исчашување или кршење.
– Оди на втората страница, ако сакаш.
– Несреќа. Финансиска криза. Земјотрес или домашен пожар.
– Доста е. Во името на Љубовта се дозволени сите вонредни мерки. Штом е толку тврдоглав одбери едно средство директно од втората страница во листата и дејствувај.
– Добро, ќе биде направено!
Ангелот тргнал на пат да ја изврши својата задача и размислува:
– Зошто луѓето не ги користат можностите кои што им ги дава,Бог и сега морам да прибегнувам кон крајности?