Еден човек починал ненадејно. Видел дека Бог се приближува кон него, носејќи еден куфер. Тој се свртел кон него:
– Сине мој, време е да одиме.
Човекот зачуден го прашал Бог:
– Јас? Токму сега? Имав толку многу планови …
– Жал ми е, сине. Но, твојот живот е завршен. Дојде моментот да си одиш.
– А што носиш во овој куфер?
– Тоа што ти припаѓаше на земјата.
-Моите работи? Ова се моите работи?
– Жал ми е, сине, материјалните нешта кои си ги имал, никогаш не ти припаѓале. Тие припаѓаат на земјата.
– Можеби ги носисш моите таленти?
– Жал ми е, синко, но тие никогаш не биле твои. Тие се создадени со околностите.
– Значи ги носиш моите пријатели?
– Жал ми е, сине, но тие никогаш не ти се припаѓале. Тие беа дел од патот.
– Ја носиш мојата сопруга, децата?
– Жал ми е сине, тие никогаш не ти се припаѓале. Тие беа дел од твоето срце.
– Можеби го носиш моето тело?
– Жал ми е, сине. Тоа никогаш не ти припаѓало. Тоа беше создадено од прав.
– Тогаш можеби мојата душа?
-Жал ми е, сине, но таа никогаш не ти е припаѓала. Јас ти ја дадов.
Тогаш мажот, исполнет со страв, го отворил куферот кој го носел Бог. Видел дека е празен.
Со солзи од страдање на лицето, човекот му рекол на Бога:
– Никогаш ли ништо не сум имал?
– Сине, секој момент кој го преживеа беше твој.
Исполнет живот, односите со луѓето и бесценети моменти со најблиските нè прават она што сме. Живејте го животот со полна брзина!