Неврохирургот од Стенфорд Е.Ј. Чичилниски има многу храбар план, да направи уреди кои ќе им го вратат видот на лицата кои ослепеле. Но, за да го направи ова, тој ќе мора да го револуционизира начинот на кој електронските уреди се поврзуваат со човечкиот мозок.

Во изминатите неколку години беа креирани направи кои им помагаа на слепите лица да можат да гледаат светлина и сенки. Но, овие направи не им помагаат да си го повратат видот и се прилично скапи, со цени околу 150.000 долари. Е.Ј. Чичилниски професор по неврохирургија и офталмологија на Факултетот за медицина на Универзитетот Стенфорд, има револуционерна идеја. Тој сака да го смени начинот на кој електронските направи се поврзуваат со мозокот.

Моменталните иплантанти Чичилниски ги објаснува како оркестар кој се обидува да свири симфонија. Тие предизвикуваат некои промени во видот, но тоа не може да се нарече вид. „Доколку како диригент им наредите на сите инструменти да свират во ист момент, некој ќе Ве слушне, но тоа нема да биде музика.“, вели тој. Болеста ретинитис пигментоза предизвикуваат многу клетки во мрежницата да умрат, па сигналите што пренесуваат визуелни информации се запираат пред да можат да стигнат до мозокот. Сегашните импланти едноставно го заземаат местото на тие мртви клетки, претворајќи светлина во електрични сигнали. Но, болеста не ги убива сите клетки во ретината и тука настанува тој хаос во „оркестарот“.

Решението на Чичилниски е да се создаде уред кој не само што може да ги пренесува вистинските сигнали до клетките на ганглиите, туку и да ја чита мрежницата за да дознае кој вид ганглиска клетка каде се наоѓа. Потоа, уредот може да го стимулира во вистинско време за да создаде кохезивна слика. „Тоа е дијалог со мрежницата – мора да разговарате напред и назад во колото“, вели тој. Тој предвидува дека финалната верзија на уредот ќе „пишува“ цело време, но „ја чита“ мрежницата само повремено.

Но, постојат и други технички предизвици. Уредот треба да биде направен од вистинскиот материјал за да може да остане на мрежницата подолго време без да ја оштети или да предизвика имун одговор. Таа, исто така, бара густа концентрација на ситно-гранулирани електроди на мал чип кој не испушта премногу топлина.

Чичилниски се надева дека ќе има лабораториски прототип во следните неколку години и ќе почне да го тестира на живи животни во рок од пет години. Исто така смета дека ќе може да го тестира и на луѓе во оваа деценија. И покрај тоа што технологијата сѐ уште е во рана фаза за да се приклучат во компанија или да бараат инвеститори, тој не се сомнева дека многумина ќе бидат заинтересирани затоа што според него оваа направа ќе биде „вистинска револуција“.

Сподели на Facebook
пати видено