Малиса Нес Хопкинс ќе одговара за 5 обвиненија поврзани со злоставување на деца. Социјалните работници кои пристигнале во нејзиниот дом ги ослободиле децата од 2 и 3 години, кои биле заробени во импровизиран кафез направен во склоп на нивните колевки. Децата биле валкани, изгризани од бубачки и испуштале животински звуци додека социјалната работничка се обидувала со електричен шрафцигер да го отстрани горниот дел од кафезот.
Кога горнит дел од кафезот бил отстранет социјалните работници велат дека децата не знаеле што да прават и продолжиле да легаат во нивниот затвор. „Децата не се однесуваа како нормални деца.“, вели Кејти Бонивел, социјална работничка. Кејти вели дека децата од три, две и една година носеле валкани пелени кои биле полни со вошки, а детето од една година не било уште сместено во кафез.
Во друга соба на валкан душек лежеле уште две деца, едното имало 5 а другото 6 години. Целиот дом мирисал на урина, а единствениот тоалет во домот бил исполнет со црна вода. Мијалникот во бањата бил полн со валкани чинии на кои што имало скапана храна. Децата веднаш биле земени од Нес.
Адвокатот на одбраната, Такер Вотсон, му рекол на судијата дека Нес била „презафатена“. Таа не можела да се грижи добро за децата затоа што нејзиното момче и таткото на децата Томи Анис, починал во 2016 година. Малиса тврдела дека децата ги ставала во кафезот како превентивна мерка кога не може да се грижи за нив, но кога биле пронајдени во таа состојба мајката била во домот.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!