Изреката дека „љубовта не познава граници“ важи во целост за овие луѓе кои и покрај крајната пречка наречена смрт, решиле да останат со нивните сакани. Сето тоа би било многу романтично доколку нивните сакани не се сурови убијци кои ги чекаат смртните казни во затворите.
Џејмс и Синтија
Во 1986 година, Даг Хантли завршил во затвор. Тој имал девојка која многу ја сакал па затоа разговарал со неговиот цимер Џејмс Марлоу за неа. И бидејќи Марлоу имал доволно слободно време, тој ги слушал приказните за Синтија. Маролу бил ослободен само неколку дена откако се запознал со Хантли. Тој веднаш се упатил кон куќата на Синтија, знаејќи дека нејзиното момче морало да одлежи уште 6 недели. Кога се сретнале, Синтија и Марлоу се вљубиле и заедно го започнале своето криминално патување, оставајќи ги зад себе крвавите траги. Тие убиле четири жени во Калифорнија, силувале и мачеле многу други. Откако биле фатени, двјцата љубовници биле осудени на смрт.
Розали и Оскар
Во 1994 година, Розали Болин работела како бранител на лицата осудени на смрт. Нејзиниот сопруг бил успешен адвокат и заедно воделе софистициран начин на живот, исполнет со угледни пријатели и егзотични одмори. Но, тоа завршува кога Розали се сретнува со Оскар Болин, сериски силувач и убиец. Тие се сретнале во врска со работата на Розали, која била импресионирана од историјата на Оскар и многу наскоро почнала да верува дека тој е невин. Двајцата се вљубиле и година по нивната прва средба стапиле во брак. Се разбира, венчавката била необична затоа што се одвивала преку телефон. Розали се јавила од дома а Оскар го кажал судбоносното „да“ од затворската ќелија во која ја чекал смртната казна.
Сенди и Блантон
Сенди Блантон, мајка и баба од Англија пишувала писма до мажи осудени на смрт со години, а во 2008 година дури се омажила за Чалс Мамоу – кој бил осуден на смрт од Тексас. Сепак Сенди се разочарала кога дознала дека нејзиниот сопруг се допишува со уште неколку жени од Англија. Но, тоа не ја спречило Сенди и таа сè уште да комуницира со осудените престапници. Во еден момент, таа била во контакт со 30 мажи. На крајот, Сенди се вљубила во 28-годишниот Реџиналд Блантон, кој бил осуден за убиство на неговиот пријател во 2000 година. Тој, се разбира, ја негирал неговата вина. Парот разменувал писма одреден период а потоа стапиле и во брак и покрај разликата во годините. Но за жал Блантон е егзекутиран во 2010 година.
Сузан и Мајкл
Очигледно е дека нема граница за љубовта, бидејќи тоа е она што се случувало со експертот по математика Сузан Пауерс, која почнала да комуницира со осудениот силувач и убиец Мајкл Рос. Таа се вљубува во него и почнува да верува во неговата невиност. Тие ја одржуваат врската до 2005 година, кога тој бил погубен. Во едно од писмата Мајкл пишувал дека се плаши повеќе од тоа дали Сузан ќе му прости што ја напушта, отколку од самата егзекуција.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.