BabyX, виртуелната, вештачки интелигентната креација на Марк Сагар и неговата нова компанија, Soul Machines Ltd., изгледа, звучи и функционира како вистинско бебе и може да предизвика исти емоции во луѓето кои ги предизвикуваат бебињата кога се кикотат и насмевнуваат. Токму тоа е и поентата.
Бејби Икс е лесен за интеракција со луѓето, а со повеќе интеркација вештачката интелигенција учи се повеќе и повеќе за тоа како е да се биде човек, исто како и децата.
Сагар верува дека треба да постои хуманизација во вештачката интелигенција и да се воспостави симбиотичка врска меѓу луѓето и ВИ. Многу експерти од ВИ тврдат дека роботите и ВИ системите можат само да го реализираат својот целосен потенцијал ако станат повеќе како луѓе, со емоции и спомени кои го информираат нивното однесување и одлука;тоа се работите што нè мотивираат да бараме нови искуства.
Секојпат кога BabyX се насмевнува, таа сфатила нешто со нејзините „сетила“ што го поттикнале симулираниот мозок да ги ослободи виртуелните ендорфини, допамин и серотонин во нејзиниот систем на ВИ. Еден слој на нејзината визуелизирана „самосвест“ открива сјај во областите на нејзиниот мозок поврзан со јазикот и задоволството кога гледа зборови и добива пофалби.
„Истражувачите успеале да направат одредени делови од свеста, но ниту еден од нив не успеал да ги спои сите заедно. Тоа се обидуваме да го направиме ние. Да ги споиме сите делови во едно анимирано тело. Се обидуваме да направиме централен нервен систем за човечки компјутери.“, изјавил Марк. Тимот на Марк ја создал најдеталната карта на човечкиот мозок и ова е најголемиот подвиг на тимот на обратен инженеринг за внатрешниот живот на човекот.
Бејби Икс учи се смее на шеги, учи да свири пијано и лесно комуницира со луѓето и тие се поврзуваат со него. Уште е рано да се каже дали оваа технологија може да ја копира свеста кај луѓето, бидејќи и самите ние уште ја немаме доволно сфатено таа тема.