Во 1974 година, ентузијасти од Центарот за истражување на геотехнологии од Индонезискиот научен институт откриле во правливите архиви забелешки на холандски колонисти. Меѓу другото, во нив се зборувало и за цар Силаванги кој „… може со едно движење на раката да пренесе гигантски карпи, да се претвори во тигар, а по формирањето на пирамидата Гунунг Паданг не умрел, туку се претворил во дух“.
Се разбира, геолозите, археолозите и технолозите под раководство на д-р Дани Хилман не верувале во легендите на Абориџините, прераскажувани од холанѓаните, но сепак одлучиле да ги проучат историските архиви на нивната родна земја. Така се покажало дека цар Силванги бил историска личност и владеел околу 1500г. п.н.е. По спроведеното истражување на пирамидата спомената од холанѓаните, Гунунг Паданг, во индонезиската провинција Западна Јава, потврдило дека оваа пирамида била изградена за време на владеењето на кралот Силаванги.
Меѓутоа, кога научниците ги користеле најмоќните платформи за дупчење во почетокот на 21 век и земале примероци од подлабоки слоеви, нивното изненадување било огромно. Органските материјали во добиените примероци покажувале се повеќе и повеќе древни датуми додека навлегувале во пирамидата: 22.000 или повеќе години. Но, тогаш, дали Гунунг Паданг е постара од египетските пирамиди? Сепак, ова не е сè: најновите истражувања покажуваат дека на длабочина од повеќе од 30 метри постојат бројни подземни влезови, како и артефакти од метални легури кои сé уште не се познати.
Така, до 2015 година верувањето за учеството на кралот Силаваги во изградбата на пирамидата Гунунг Паданг било побиено. Очигледно гигантскиот мегалитски објект е создаден со труд на многу генерации пред него. Што се однесува до периодот околу 1500г. п.н.е., научниците допрва ги чекало изненадување. Составот на цементот, кој го содржеле блоковите на пирамидата од овој период, се состоел од 45% од силикатни минерали и 45% од минерали на железни руди, кои е невозможно да се добијат без електрична обработка.
Металургија во античка Индонезија со електрична енергија? Дали е можно? Во почетокот на 2015 година, тајната била откриена (барем така се смета) од Дани Натаџија. Научникот заедно со своите колеги открил за време на ископувањата во Гунунг Паданг метални уреди со необична форма, кои потсетуваат мали … електро-централи. Самиот претседател на Индонезија изразил интерес за ова откритие и му честитал на археологот за неговото сензационално откритие.
Мистериозните артефакти на Гунунг Паданг сега предизвикуваат многу контроверзии во научниот свет. Од една страна, во тоа нема ништо чудно, бидејќи се уште е рано за конечни заклучоци. Од друга страна, информациите за овие артефакти се премногу повеќенасочни. На пример, самиот Натаџаја тврди дека античките електрани биле пронајдени во слој од карпи од 25 000 п.н.е. Артефактите се направени од злато и бакар.
Меѓутоа, голем број на НЛО теоретичари тврдат дека пирамидата датира од времето на цар Силаванги, а во неа, освен злато и бакар, има метали од вонземско потекло. Со други зборови според нив вселенски брод се срушил во оваа област а Салаванги бил единствениот преживеан член на екипажот затоа и можел „да премести големи блокови со една рака“. Затоа и бил овековечен, за разлика од многу други владетели, во легендите на островот Јава. Но, сепак за тоа служат НЛО теоретичарите, да поставуваат различни теории.
Но, сега артефактите откриени од страна на д-р Дани Натаџија се под заштита на владата, а во безбедносно опкружување се предаваат во локалните лаборатории – вклучувајќи и воени експерти. Очигледно, тоа значи дека наскоро нема да бидат откриени пред јавноста.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.