Луѓето ја „населиле“ Земјата пред неколку милиони години. Ако гледаме на нашата планета како на живо суштество, тогаш еден ден може едноставно да се ослободи од човештвото како од досадни гости. Тука не станува збор „како“, „зошто“ или „кога“ ќе се случи масовното изумирање на човечкиот род, туку што ќе се случи доколку сите исчезнеме од лицето на планетата Земја.
Првите секунди по исчезнувањето на луѓето
Средствата за транспорт ќе почнат да се судираат. Возовите, автобусите и автомобилите ќе продолжат додека не удрат во нешто и сето тоа ќе изгледа како незаборавна слика од утрото кога Шведска се префрли од левата кон десна страна за возење на патот. Единствено што повеќе ќе ги нема луѓето.
Ќе биде темно, многу темно
Како што минува времето централите ќе останат без резерви на јаглен. Сите светла, компјутери и електрични апарати ќе се исклучат едни по други. Авионите исто така ќе паднат.
Дивиот свет на иднината
Сите ќе останат релативно мирни додека хемиските централи не започнат да пуштаат гасови во околината. Реакторите во нуклеарните централи ширум светот не би се ладеле, туку би се запалиле, испуштајќи значителни дози на зрачење што би предизвикало непредвидливи мутации.
Нови граѓани
За помалку од една недела природата ќе почне да ги освојува градовите затоа што ќе нема кој да ја крати тревата или пак да ги сече дрвјата. Домашните миленици и животните од зоолошките градини ќе излезат на улица, без претходни вештини за лов. Тие ќе треба да изгладнат за да им се вратат на старите животински инстикти. А дотогаш ќе владее хаосот од анимираниот филм Мадагаскар.
Нашите нови станари
Работите почнуваат да изгледаат многу поатрактивни по 3-6 месеци. Зрачењето ќе исчезне, а квалитетот и видливоста на воздухот се подобруваат. Шумските животни почнуваат да ги освојуваат човечките домови. А најдобриот дел е што лебарките конечно исчезнуваат во повеќето области бидејќи не можат да преживеат без вештачко греење.
Лондон е главен град … на мочуриштето?
Ќе бидат потребни само 15 години за патишта да бидат покриени со мов. Со секоја деценија, повеќе вегетација ќе се прошири низ градовите, претворајќи ги во живописни урнатини. Куќите ќе пропаднат, а сезонските временски циклуси на вода и мраз ќе го разбијат бетонот и ќе предизвикаат паѓање на брани и мостови. За само 150 години, Лондон би бил целосно покриен со мочуришта како што бил пред римските времиња.
Последната агонија на големите градови
По 230 години, делумно уништената Ајфелова кула може да биде засолниште за дивите свињи. Статуата на слободата повеќе нема да стои гордо со крената десна рака. Северноамериканските рамнини ќе бидат населени со огромни стада на говеда, ирваси и бизони. Градовите на источниот брег постепено ќе бидат уништени со постојани урагани, а јужниот брег на САД ќе биде измиен од поплави.
Кралството на шумите
Ќе бидат потребни 500 години за шумите да ја вратат својата позиција на планетата. Но, дури и по уште 500 години, сè уште ќе има видливи траги од човечки структури, како што се 4 „нозе“ на Ајфеловата кула или пиедесталот на Статуата на слободата.
Последните остатоци од цивилизацијата
По 25.000 години, наместо глобалното затоплување, Земјата ќе се соочи со уште една ледена доба. Овој пат тоа нема да донесе толкаво драматично влијание врз животинските видови, а повеќето од нив ќе се прилагодат на новите услови. Човечките траги ќе можат да се пронајдат само во почвата, никогаш целосно деградирани. Кој знае дали некој ќе ги пронајде и какви заклучоци ќе донесе.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.