Голем број на артисти прават различни бизарни жртви за да го зачуваат или зголемат нивниот талент. Сепак, не многу уметници отишле толку екстремно како кастратите, кои направиле неповратна жртва со цел да го задржат својот глас на повисоко ниво.

Кастрацијата се практикувала уште од античко време – многу моќни владетели ги кастрирале робовите кои работеле во нивните хареми. Но, почнувајќи од 16-тиот век, кастрацијата стана најголема жртва за музиката, што им овозможувала на многу мажи да ги сочуваат своите високи и чисти, младешки гласови.

Иако Католичката црква официјално не го одобрувала отстранувањето на органи, освен за да се спаси животот на една личност, во 16 век се чини дека Ватикан ја охрабрил кастрацијата на хорските момчиња. Секако, од 1599 година, голем број кастратски пејачи биле примени во папскиот хор. Неколку децении подоцна, кога папата Инокентиј XI им забранил на жените да се појавуваат на сцената, кастратите биле регрутирани и во многу оперски куќи ширум Европа, при што некои од нив станале познати и богати како модерни рок-ѕвезди.

Голем број од момчињата на кои им била извршена кастрација не преживеале поради лошите услови во кои се извршувала, а исто така оние кои преживеале не станале сите ѕвезди. Сиромашните семејства си ги кастрирале децата со надеж дека ќе станат славни оперски пејачи. Се проценува дека во текот на 17 и 18 век, околу 4.000 италијански момчиња биле кастрирани секоја година.

Фаринели

Момчињата најчесто се кастрирале на 9-годишна возраст и поради тоа сите изгледале слично. Кастратите биле прилично високи, со долги екстремитети и ребра, немале влакна по телото, ниту пак Адамово јаболко, а во повеќето случаи имале проблеми со тежината.

Алесандро Морески

Имало повеќе кастрати кои оставиле впечаток на европската публика, но никој од нив не може да се спореди со славата и успехот на големиот кастрато Фаринели, веројатно најпознатиот оперски пејач кој некогаш живеел. Во 1870 година Италија ја забранила кастрацијата во име на уметноста, но во Ватикан, Систинската капела продолжила да вработува кастрати до 1903 година. Алесандро Морески бил последниот кастрато, кој јавно настапувал. Познат како „Ангелот на Рим“, Алесандро наводно бил поздравуван од толпата со зборовите „ Eviva il coltello!“ што значи „Да живее ножот!“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено