Благодарение на романот од Брам Стокер, „Дракула“, многу луѓе ги поврзуваат вампирите со регионот Трансилванија во Романија. Сепак, пред само 25 години, анти-вампирските ритуали престанале да се практикуваат во Бугарија. Овие ритуали се одвивале уште од 13-тиот век.
Во бугарските фолклорни верувања, се вели дека „лошите луѓе“ можат да се претворат во вампири откако умреле ако не биле прободени во градите со железна или дрвена прачка пред да бидат закопани. Таа прачка, исто така, ќе биде начин да се прицврстат поединците во нивните гробови, за да не можат да ги тероризираат живите по полноќ.
Бугарскиот археолог Николај Овчаров изјавил: „Ние не сме средновековни луѓе да веруваме во вампири, но во минатото луѓето верувале дека тие постоеле и вршеле церемонии за да ги спречат мртвите да се претворат во овие ѓаволски суштества“. Овчаров, кој понекогаш го нарекуваат „бугарски Индијана Џонс“, исто така рекол дека имало специјално избрано лице кое ги „убивало“ мртвите тела во некои бугарски села сè до пред 25-30 години.
Повеќе од 100 луѓе со „вампирски третман“ биле пронајдени во Бугарија. Сите биле мажи и истакнати граѓани. Еден примерок на „вампирски“ скелет бил пронајден во крајбрежниот град Созопол во 2012 година, а друг бил пронајден на бугарскиот Перперикон, 7.000-годишно свето место лоцирано во длабочините на Родопите.
Анти-вампирски ритуали биле пактикувани и во останатите Балкански земји. вклучувајќи ја и Македонија. Иако поголемиот дел од луѓето тврдат дека вампирите не постојат и тие се суеверие, сепак има одреден број на луѓе кои уште веруваат дека вампирите се реални.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.