Еднаш еден учител се појавил пред учениците со ткаенина во раката, убава свилена ткаенина. Најверојатно била подарок од некој цар. Најчесто учителот не прифаќаше вакви подароци и бил многу скромен, па затоа учениците го гледале збунето кога им велел: „Гледајте внимателно, гледајте.“
Сите ги впериле очите во ткаенината, но не виделе ништо освен убава свилена ткаенина. Тогаш учителот почнал да врзува јазли со рабовите на ткаенината. Било тотална тишина, сите гледале што прави. Кога направил 5 јазли учителот прашал:
„Дали е тоа истата ткаенина што ја донесов или друга?“
Еден ученик одговорил: „Вие се шегувате со нас? Се разбира дека е истата ткаенина.“
„Ученику, размисли убаво. Онаа ткаенина немаше јазли а сега оваа има врзано пет. Како може да е иста?“, прашал учителот.
Тогаш ученикот го сфатил значењето: „Јас разбирам сè. Иако ткаенината е иста сега е во јазли и изгледа како страдалник.“
„Така е. Сè што сакам да ви покажам е дека кога човекот се раѓа тој е ткаенина без јазли, а потоа во животот се создаваат. Најчесто имаме пет јазли. Овие јазли се агресивноста, алчноста, лажноста, потсвеста и себичноста. Сега ќе се обидам да ги одврзам тие јазли. Кој ќе ми помогне да го сторам тоа?“, рекол учителот.
Тој почнал да ги влече двата краја на ткаенината а јазлите станувале помали и поцврсти. Некој извикал: „Но што правите! Така тие никогаш нема да се одврзат! Свилата е толку тенка, а Вие така силно ја повлекувате. Јазлите ќе станат толку мали што ќе биде невозможно да бидат одврзани.“ Учителот им одговорил:
„О, вие одлично разбирате сè, кога станува збор за ткаенина. Но зошто не можете истото да го сфатите за самите себе. Зарем не сте во иста ситуација? Ги повлекувате јазлите и стануваат се поцврсти и потешки за одврзување. – Кој ќе каже како да ги одврзам јазлите?“
Еден ученик предложил: Во почетокот треба да се пристапи и внимателно да се испита како врските биле врзани. Јазлите биле врзани така што тие ќе станат полабави доколку ги разлабавиме и им дозволиме да се ослободат, тоа не е тешко. Ова се едноставни јазли.“
Ученикот ја земал ткаенината и ги одврзал јазлите еден по еден. Учителот рекол: „Часот и лекцијата за денеска завршија, одете дома и размислете за вашите јазли.“