Една од најдолготрајните мистерии од времето на просветителството, кога европските истражувачи го поминувале светот во потрага по богатство и слава, е судбината на францускиот поморски офицер Жан-Франсоа де Галауп. Оваа мистерија можеби конечно е решена.
Откако му било наложено од страна на кралот Луј XVI од Франција да оди на патување во Тихиот Океан слично на истражувачките мисии на британскиот истражувач, капетан Џејмс Кук, Жан отплови од Франција во 1785 година. Во текот на следните неколку години тој пловел низ морињата со два брода Астролабе и Бусол и екипаж од 225 мажи и стигнал до врвот на Аргентина, Хаваи, Алјаска, Кина и Русија, пред да застане во заливот Ботани, Австралија.
Во тој момент работите тргнале во лош правец. Сè што е познато е дека во 1788 година, Астролабе и Бусол потонале во близина на островот Ваникоро, кој е дел од Соломонските Острови. Преживеаните членови на екипажот успеале да состават брод од она што останало од двата брода и тргнале да бараат помош. Оттогаш им се изгубила секаква трага. Или барем така сме мислеле.
„Патувањето на Жан е едно од најважните откривања на Пацификот, на кое може да му парира само истражувањето на Кук. Тој останува многу добро позната и почитувана фигура во научното истражување во осумнаесетиот век.“, објаснува д-р Гарик Хичкок, кој е автор на новиот труд објавен во Journal of Pacific History.
Случајот се расветлил кога Д-р. Хичкок ја истражувал историјата на Торесов Проток кога пронашол референца во „Мадрас Курир“-Индија, издание од 1818 година, во кој имало статија за индиски морнар, познат како Шајк Џумаул, кој доживеал бродолом и завршил на северниот брег на Квинсленд, Австралија, во 1814.
Кога трговскиот брод со кој што патувал Шајк потонал, тој успеал да стигне до островот Мареј, каде што живеел 4 години и го научил нивниот јазик и култура. Но додека бил таму забележал дека имаат пушки и ножеви кои не се од англиско производство, како и компас и златен часовник.“, вели Д-р. Хичкок.
Шајк ги прашал жителите од каде ги добиле овие работи и тие му раскажале неверојатна приказна, која датира од пред 30 години. Тие му раскажале дека брод потонал во близина на островот и мажите што се спасиле почнале да се борат со локалното население, од нив преживеало само едно младо момче, кое жителите го земале како свое, а подоцна се оженило и со локална девојка.
Временските линии совршено се вклопуваат и има дури и евиденција за младо момче кое било на експедицијата на Жан, по име Франсоа Мордел. Се чини дека Мордел бил последниот преживеан член на судбоносното патување, што резултирало со првиот познат бродолом во Торесовиот Проток и мистерија која траела 250 години.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.