Научниците открија начин да се зголеми вкупната сила и издржливост на пајажината. По хранењето на пајакот со мала количина на графен и јаглеродни наноцевки, суштеството создало мрежи кои биле пет пати посилни од нормалното. Пајажините се веќе доволно силни за да ги задржат малите инсекти кои се доволно несреќни за да влетаат во нив и наскоро, можеби ќе можат да ја издржат тежината на човекот.

Во едно ново истражување, Никола Пуњо од Универзитетот во Тренто во Италија и неговиот тим детално објаснуваат како го зајакнале веќе импресивниот метаболички процес на арахнидите до 11 со додавање на графен и јаглеродни наноцевки во водата за пиење на пајак.

Потоа пајакот продолжил да си плете мрежа, но таа сега била пет пати посилна и на исто ниво со чисти јаглеродни влакна и Кевлар – најсилните материјали на Земјата.

„Ние веќе знаеме дека постојат биоминерали присутни во протеинските матрици и тврди ткива на инсекти, што им дава голема сила и цврстина во нивните вилици, мандибули и заби, на пример. Значи, нашата студија се осврна на тоа дали својствата на пајакова свила можат да се „зголемат“ со вештачко инкорпорирање на различни наноматеријали во биолошките протеински структури на свилата.“, изјавил Пуњо.

Подобреното ткаење сеуште е во раните фази на истражувањето, а резултатите на Пуњо се добиени од само мала количина на пајакова мрежа, па затоа се потребни повеќе тестирања. Ако се оди во најдоббар правец, истражувањето на крајот би можело да доведе до милиони подобрени пајаци кои произведуваат мрежи кои може да се користат за да се направат падобрани, јажиња, кабли и с.л.

Сподели на Facebook
пати видено