Еден мудар човек добил на лотарија скапа кола. Неговото семејство и пријателите биле радосни што тој имал среќа и дошле да му честитаат.
„Нели е ова одлично? Ти си вистински среќник.“, му велеле тие.
Човекот се насмевнал и рекол:
„Можеби, само за добро да е!“
Тој уживал во автомобилот неколку недели, патувајќи со него насекаде. Но еден ден пијан возач удрил во него на една раскрсница и тој се нашол во болница со бројни повреди. Неговото семејство и неговите пријатели му дошле на посета.
Тие му велеле:
„ Среќата овој пат те напушти.“
Тој пак се насмевнал и им одговорил:
„Можеби, само за добро да е!“
Додека тој бил во болница една ноќ дошло до лизгање на земјиштето и неговата куќа завршила во морето. Следниот ден неговите пријатели дошле да го посетат и му кажале:
„Колку имаш среќа! Не падна во морето со куќата затоа што беше во болница.“
Тој повторно одговорил:
„Можеби, само за добро да е!“
***
Наивно е да се обидуваме да ги разбереме начините на кои судбината ги мести настаните за да се оствари целта. Сѐ што можеме да направиме е да си речеме „Само за добро да е!“.