Животот не е лотарија. И никогаш не бил! Ние ги привлекуваме и создаваме нашите искуства од животот преку нашата потсвест. Мислите се реални работи. Тие ги менуваат ситуациите.

1. Добрите работи се случуваат само кога се чувствувате добро. Добри работи водат со себе уште добри работи.

Џејн имаше 30 години и не беше мажена. Сите нејзини пријателки имаа љубовници или сопрузи. Џејн исто така сакаше да има некого. „Што не е во ред со мене?“, се прашуваше таа. Таа беше опседната со идејата да си најде маж. Кога ќе влезеше во продавница, во лифт, во авион, таа се прашуваше „Дали тој е тука“? Никогаш не беше. Кога и дојде преку глава од откажани состаноци и неуспешни онлајн врски таа одлучи: „Не ми треба маж! Ќе почнам да учам, ќе купам и куче!“ Запиша онлајн курс по кинески. Се поврза со неколку стари пријателки. Почна да се радува на животот. Откако се одлучи да се откаже од потрагата по маж многу мажи ја „нападнаа“
-Атрактивниот сосед и помогнал да не и паднат полиците и ја повикал на кафе.
– Пријател од средно ја пронашол на Фејсбук и и пишал „Јас само што се разведов а ти си едниствената личност која што ја сакав.“
– Братот на сопственикот на станот намина да смени сијалица и остана на појадок.
А таа не бараше. Дури не вложуваше напори. Не помина ниту минута во некој грозен бар. Сè се случуваше само по себе.

2. Твојата потсвест  ги прифаќа упатствата доста буквално. Кога сееме мисла, нашиот потсвесен ум ја материјализира.

Никол планираше одмор на Бали. Неколку месеци пред да замине на одморот постојано си повторуваше:„Единствено што сакам е да лежам и да не правам ништо“.  „Како беше во Бали?“, ја прашав.
„Во текот на пет дена ме мачеше мигрена која премина во настинка. Целата недела ја поминав во мојата хотелска соба, без да правам ништо.“, одговори Никол.  Две години подоцна Никол повторно замина за Бали. Потоа ми раскажа: „Пак не сфатив дека самата сум си ја предизвикала болеста. Значи, пред второто патување, редовно повторував дека сакам само да лежам и да не правам ништо.“

„И како беше во Бали“, ја прашав.

„Уште првиот ден фатив некој вирус; Не можев да јадам и да земам течности, не можев да читам или дури да седам. Поминав пет дена во болница на и цело време не правев апсолутно ништо. “ Никол сеуште не заврши со Бали. За третиот одмор имала нова стратегија за која што ми раскажа:

„Јас си замислив совршен одмор. Се гледав себе и моите деца сосема здрави. Се замислував како јадеме вкусни јадеа, одиме на шопинг и се релаксираме покрај базенот. И така конечно подоцна имавме совршен одмор.“

3. Нашиот живот е секогаш одраз на начинот на кој се чувствуваме.

Вие одлучете да ги поканите вашите пријатели на одлична вечера во нивниот омилен Coco Restaurant. Се јавувате да резервирате маса, а од таму Ви одговараат:
– Жалам, но сè е полно.
– Што значи сè е полно?
– Немаме слободни маси.
-Но, јас сум редовен клиент!” Најди ми маса!
– Жал ми е.
Ви ја удри слушалката на телефонот.
– По ѓаволите! Вечерта требаше да помине совршено.
Вие сте лути.
Избирате друг ресторан. Но таму храната е масна, ракчињата се ужасни, а вие имате расправија со сопругата.
ИЛИ…
На телефонот Ви одговараат
– Жалам, но сè е полно.
– Одлично и така повеќе од десет пати сме вечерале во Коко. Треба да пробаме нешто различно.
Го повикувате вашиот поранешен шеф кој ги знае сите најдобри ресторани во градот. Тој ви препорачува нова локација, блиску до вашиот дом. Храната е неспоредлива. Започнувате разговор со парот од соседната маса, кои се и Ваши нови соседи. Стекнувате нови пијатели, а наредната недела сите заедно одите во Коко.

Зарем ова не е тајната на животот? Ситуацијата секогаш ќе биде против Вас кога верувате во тоа. Но има и друг начин да се живее: ако верувате дека универзумот постојано крои планови да Ве направи среќен.

4. Негативните мисли се како стаорците. Тие секогаш доаѓаат во голем број.

Првин се појавува еден, а уште не сте закрепнале насекаде врие од нив.
На работа, ќе добиете повик од груб клиент. Вашата прва мисла е: „Мразам насилници“.
Се појавува втората негативна мисла: „Во оваа работа сум опкружена со силеџии!“
А потоа и следната: „Во оваа работа сум опкружена со силеџија и ме плаќаат малку.“
И уште една: „Во оваа работа сум опкружена со силеџии, ме плаќаат малку и не ме ценат.“
И уште: „Во оваа работа сум опкружена со силеџии, ме плаќаат малку и не ме ценат, а мислам дека и мојот сопруг не ме цени.“
Стаорците веќе се насекаде: „Во оваа работа сум опкружена со силеџии, ме плаќаат малку и не ме ценат, а мислам дека и мојот сопруг не ме цени. Исто така вечер треба да му готвам. Зошто секогаш мора да му се оди по задникот. Мајка ми ми кажа дека правам сериозна грешка. А сега имам и главоболка. Тоа може да биде тумор! “

Потребен Ви е план за истребување на стаорците, а ова е најдобрата стратегија, запрашајте се: „Што е добро во ова?“ „Какво добро можам да добијам од конфронтацијата со насилниците?“ „Градење карактерот и трпение.“ „Развивам комуникациски вештини кои ќе ми помогнат во мојата следна работа“. „Силеџиите на работното место ми помагаат да ценам сопруг.“

5. Фокусирајте се на она што го сакате, а не на неговиот недостаток.

Фред вели: “Продолжувам да размислувам за пари, а сепак сум во црвено”.
Всушност, она што го мисли Фред е недостигот на пари. Да мислиш за отсуството на изобилство, е целосна спротивност на тоа да мислиш за изобилството. Фред се однесува на спротивноста.

Колку често сте ја слушнале следната приказна?
Во рок од дванаесет месеци, Бил аплицирал за дваесет работни места без успех. Но штом го вработиле, добил уште три понуди за работа. Зошто е тоа така? Бидејќи во текот на цела година тој бил фокусиран на недостатокот. Во моментот кога го примиле на работа сепак, енергијата му се менува од „Никој не ме сака“ на „Луѓето ме бараат“. А кога се чувствуваш баран, луѓето те сакаат. Бинго!

Или друг пример. Еден пар 10 години се труди да добијат бебе. Конечно решиле да посвојат и одеднаш жената забременува! Десет години живеат со чувство на недостаток на бебе. Но, откако тие ја почувствувале радоста и чувството да бидат родители и бебето веќе станува факт!

Сподели на Facebook
пати видено