Секој сака да ужива на некоја од прекрасните сончеви плажи. Толината од сонцето на кожата, свеќиот воздух кој доаѓа од морето и мекиот песок под прстите се работите поради кои луѓето заминуваат да одмор. Но не се сите плажи исти, некои од нив имаат прилично уникатни карактеристики и воодушевуваат со нивната необичност.
10. Скриена плажа
Алгар де Бенагил е природна пештера која била создадена во карпите на ридот благодарение на плимата и осеката. Во пештерата се формирала плажа до која може да се дојде само преку морето.
9. Црн песок и парчиња мраз
Јокулсарлон плажата била формирана во 1930-тите години кога глечерот Breioamerkurjokull се повлекол. Глечерот продолжува да се топи а плажата расте заедно со нејзиниот црн песок, кој е формиран од вулканските карпи.
8. Плажата со жешка вода
Плажата со жешка вода се наоѓа на источниот брег на полуостровот Коромандел, Нов Зеланд. Името го добила по подземните жешки извори кои извираат на површината на песокот во вид на мали базени.
7. Био-луминесцентни плажи
Во ден, заливот наречен Комарец, во Порторико има вообичаен светло кафеав песок. Во текот на ноќта плажата почнува да свети со сјајна сина светлина, предизвикана од одредени планктони и алги. Движењето на луѓето ги активира овие „светлечки“ плажи. На Малдивите во есенските месеци, кога Месечината е млада одредени ракови продуцираат син сјај за да привлечат партнер. Затоа што тие се поголеми од повеќето алги и планктони, тие го посипуваат песокот со ситни светли точки.
6. Гулпуири
Оваа плажа е чудна бидејќи буквално се наоѓа во дупка. И поради тоа е популарна туристичка дестинација,природен споменик и дел од Шпанскиот регион на заштитени природни убавини.
5. Чандипур
Во Чандипур, Индија морето исчезнува. Уникатен феномен кој ретко може да се види на друго место. Водата секојдневно се повлекува по 5 клометри. Со тоа им нуди на туристите не само уникатно доживување, туку и можност за буквално да одат по морето.
4. Плажа од школки
„Плажата на школките“ во Австралија е создадена од школки кои се собирале во текот на годините. Во минатото локалното население ги минирало школките за да ги користи како градежен материјал, но сега тоа е забрането. Плажата сега е светско културно наследство и се користи за туризам. Областа, исто така, има хиперсалинска вода. Дополнителната сол им олеснува на посетителите полесно да пловат.
3. Стаклена плажа
Форт Брег, Калифорнија, има плажа покриена со камчиња од стакло полирано од морето. Со децении, локалните заедници ги фрлале своите несакани стоки, дури и автомобили, покрај морето. Но органските работи се разградиле, а автомобилите биле расчистени, но стаклото останало. Морето го преработило и сега останале само мазни топчиња од стакло. Плажата сега е заштитена со закон, а стаклото не смее да биде отстранувано од посетителите.
2. Зелена плажа
Папаколеа плажата во Хаваи е специфична по бојата на песокот. Имено оваа е една од двете плажи во светот со зелена боја на песокот. Специфичната зелена боја песокот ја добива од минералот оливин.
1. Плажа со јајца од змејови
Неверојатен природен пејзаж во Нов Зеланд стана омилената локација за снимање на научно фантастични филмови, бидејќи ова место изгледа магично и уникатно. Можеби Плажата на змејовите звучи како нешто од Game of Thrones, но тоа е вистинско место и популарна туристичка дестинација. Всушност станува збор за камења стари над 60 милиони години кои добиле чудна форма и наликуваат на јајца од змеј. Исто така има многу локални легенди поврзани со настанувањето на „јајцата“.