Пред 10 години, за да направиме 10 работи, ни беа потребни 10 уреди. Денес, со паметните телефони можеме да се јавуваме, да праќаме пораки, да гледаме емисии, да ги читаме вестите, да плаќаме и многу други неверојатни работи. Овие неколку функции на паметните телефони ќе го направат Вашиот живот полесен, а најверојатно не сте биле свесни дека Вашиот паметен телефон ги нуди овие опции.

10. Пораки на заклучен екран

Замислете дека доколку го изгубите Вашиот телефон и имате ставено одредена лозинка за отклучување или шема. Најверојатно нема повторно да го видите Вашиот уред. Но, постои начин во новите верзии на Андроид да се остави порака на заклучен екран. Одете во Settings, потоа Lock screen and security и Lock screen signature. Сега напишете резервен број на кој пронаоѓачот би можел да Ви се јави или е-маил.

9. Опција против кражба

Ако пораката на заклучениот екран не е доволна користете апликација против кражба. Ваквите апликации (Cerberus е една од нив) можат да фотографираат, да активираат микрофон, да го блокираат телефонот и / или да ги избришат сите податоци на него, да го лоцираат преку GPS или дури и да користат гласен звучен сигнал за привлекување на вниманието на луѓето во близина.

8. Зачувајте ја меморијата

Порано или подоцна, меморијата на Вашиот уред се полни. Ова е моментот кога можете да користите флеш мемориска картичка, услуги како Dropbox, или да направите резервна копија на Вашите податоци на компјутер. Постои уште една кул опција: само испратите сите Ваши податоци во Telegram Messenger. Telegram Ви овозможува да испраќате датотеки, текстови и линкови до себе. Можете да го користите и како бележник и облак за складирање.

7. Телефон како видео надзор

Користете стари паметни телефони за да креирате едноставен безбедносен систем за Вашиот дом. Апликација со функција за сензор за движење Motion Detector Pro ќе го претвори вашиот уред во камера што фотографира кога некој ќе се појави на повидок. Веднаш ќе Ви ја испрати фотографијата.

6. Користете го телефонот како камера за снимање на сообраќајот

Иако постојат специјални камери за оваа намена, истата функција може да ја врши и Вашиот паметен телефон, доволно е само да го наместите на вистинската позиција.

5. Пристап до магично мени

Доколку сте прилично сериозни во врска со Вашиот паметен телефон и сакате да го уредите како професионалец постои начин. За да го направите тоа, треба да отидете во менито за програмери. Одете во Settings, потоа About the phone и кликнете 7 пати на Model Number. Честитки! Сега сте програмер! Користејќи го ова мени, можете да ги подобрите вкупните перформанси, квалитетот на приемот на сигналот и изгледот на системот.

4. УВ светлина

УВ светлина може да биде многу корисна, особено ако сакате да ја проверите автентичноста на банкнотите. Земете селотејп и син и виолетов маркер. Ставете го селотејпот врз блицот на телефонот и обојте го со синот маркер, повторете ја постапката но сега обојте го со виолетов маркер. Потоа додадете уште два слоја на истиот принцип.

3. Паметен телефон како алатка за градежништво

Секој паметен телефон сега има акцелерометар со кој може да се определи позицијата на предметот во просторот. Но со помош на апликација Вашиот паметен телефон може да стане и либела со помош на апликацијата за Андроид Bubble Level PRO.

2. Интересна статистика

Дали вашето семејство се жали дека станавте зависник од паметен телефон? На iOS, едноставно одете во Settings – Battery и притиснете го копчето за бирање десно од колоната „последните 7 дена“. Ќе се појави листа на најчесто користени апликации. За Android, ќе треба да инсталирате апликација Instant.

1. Монохроматски режим

Дали сакате да ја зачувате Вашата батерија и видот? тогаш користете го Вашиот паметен телефон во монохроматски режим додека читате. Одете во „волшебното“ мени на програмерот и пронајдете го simulate anomaly, а потоа вклучете го монохроматскиот режим. Сега Вашиот телефон ќе работи во црно-бело.

Сподели на Facebook
пати видено