Во многу, многу далечни времиња Господ направил 10 Адама: едниот бил овчар, другиот земјоделец, третиот кројач, итн. Со други зборови, секој бил создаден за одредена работа. Но еден ден тие се појавиле пред Господ и му рекле:
– Здодевно ни е, можеш ли да ни помогнеш ?!
Господ им дал едно тесто и им заповедал:
– Нека секој од вас да направи од дел од ова тесто жена за себе, таква каква што ќе му се допаѓа – полна или слаба, тажна или насмеана, ниска или висока, а јас ќе го вдишам живот во нив.
Потоа Господ донел една чаша со грутки шеќер и рекол:
– Земете по една грутка шеќер и дајте ја на вашата жена, за да ви биде сладок животот со неа!
Сите мажи го направиле тоа. Но Господ им се налутил:
– Помеѓу вас има измамник, бидејќи на чинија имаше 11 грутки шеќер и некој зел две наместо една!
Сепак никој од Адамовците не ја признал грешката и не се покајал. Тогаш Господ им дал душа на жените, ги измешал и на мажите им ја дал онаа која што ќе им се падне. Оттогаш 9 од 10 мажи мислат дека туѓата жена е послатка, бидејќи изела едно парченце шеќер повеќе од другите! И само еден човек од десетте знае дека жената покрај него е единствената, а другите се исти – затоа што тој самиот го изел парчето шеќер што недостасувало!