По 6 години, Кина ја враќа титулата за најбрз воз на светот. Во септември ќе започне со работа нова серија на куршум возови со брзина од 400 km / h. Кина го држеше рекордот за најбрз воз во светот, но несреќата во 2011 година ја принуди земјата да ги успорат, за да не доживеат уште еден трагичен настан. Пред несреќата возовите патувале 350 километри на час, а биле успорени на 250 km / h.
Од 21 септември возовите повторно ќе се движат 350 километри на час, а ќе можат да достигнат брзина од 400 km / h. Жао Јианг, професор на Универзитетот во Пекинг и водечки истражувач во кинеската брза железничка мрежа, изјавил дека со цел да се избегнат повеќе несреќи при поголеми брзини, железничкиот оператор ќе треба да го намали бројот на возови што се користат истовремено.
Кина има поставено железница од 20.000 километри и имаат намера да додадат уште 10.000 километри до 2020 година. До денес 360 милијарди долари се потрошени за создавање на железничката пруга. Конкуренција на куршум-возовите е Хуперлуп Еден, кој според најновите вести достигнал брзина од 308 километри на час и во тек се тестови за да се достигне брзината од 402 километри на час.