Децата имаат неверојатно еластични тела. Тие можат да се наведнуваат и преместуваат на начини на кои многу возрасни не можат. Но во овие приказни не станува збор за повреда од велосипед или фудбал, овие деца и бебиња преживеале смртоносни ситуации и за многу луѓе нивното преживување претставува „чудо“.
5. Обид за самоубиство
Во 2016 по жестока семејна расправија Џон Спинек ги земал своите синови, од кои едното дете имало 3 години а другото само 1 година. По следење на GPS-сигналот на Спикен полицијата го пронашла празното возило до популарниот мост за самоубиство во Њу Џерси. Џон скокнал од мост од 30 метри заедно со децата. Трите тела паднале во дрвјата промашувајќи ја реката под мостот. За чудо двете деца го преживеале падот врз дрвјата а таткото починал на лице место. Децата имале полесни повреди.
4. Бебе во отвор за ѓубре
Откако млада 12-годишна тинејџерка во 1991 година се породила во нејзиниот апартман во Бронкс, веднаш се ослободила од своето новородено дете. Бебето го фрлила во отвор за ѓубре и тоа паднало 4 ката долу во контејнерот. Два часа откако девојчето го фрлило бебето, двајца мажи од комуналното претпријатие требале да го исфрлат контејнерот. Тие слушнале плач на бебе и повикале полиција, едвај живото бебе било однесено во болница и му била обезбедена соодветна нега.
3. Торнадо терор
Во 2008 година во Тенеси имало торнадо кои оставило пустош и многу мртви тела. Три часа откако започнала потрагата по преживеаните спасувачите пронашле „кукла“ која лежела со лицето свртено надолу кон калта. Но кога се доближиле и ја кренале куклата сфатиле дека се работи за 11-месечно бебе. Бебето Кусон било кренато од моќното торнадо, носено неколку метри и фрлено на земјата, заедно со неговата 23-годишна мајка која не го преживеала падот. Бебето всушност не само што го преживеало торнадото туку немало ниту една сериозна повреда.
2. Изгубена во морето
Во 1961 година Дупераулт семејството од 5 члена тргнало на крстарење. Но нивниот капетан за време на патувањето ја убил неговата сопруга, а за тоа биле сведоци и членовите на семејството и затоа тој ги убил и нив, освен 11-годишната Тере која во моментот на убиствата била под палубата. Кога излегла и ги видела мртвите тела на членовите од нејзиното семејство, а бродот почнал да тоне таа се качила во чамец за спасување и „исчезнала“. Капетанот Харви не можел да ја најде, но претпоставил дека без вода и храна на жешкото сонце секако ќе умре, па затоа се вратил на копното и раскажал приказна за тоа како потонал бродот. Тере издржала 4 дена на отворено море пред да биде спасена, таа немала вода и храна и иако била во лоша состојба не се откажала преживеала и ја раскажала вистината за убиецот на нејзиното семејство.
1. Момчето и тркалата на авионот
Во 2014 година, во речиси незамислив подвиг, 16-годишно момче преживеа нешто што речиси никој друг не можел да го направи на стандарден лет до Хаваи. Тој ја прескокнал оградата на аеродромот и влегол во просторот за тркала на авионот. Момчето издржало лет од 5 часа до „рајот“. Тој успеал да ги преживее нискте температури, недостатокот на кислород и спуштањето на тркалата. Тој се онесветил за време на полетувањето и се разбудил еден час откако авионот слетал. Момчето било предадено на социјалните служби.