Ако една од вашите Новогодишни одлуки за новата година е да се обидете да си легнувате порано и да станувате порано, овие алармни часовници дефинитивно ќе ви помогнат во тоа. Изберете го вашиот фаворит меѓу овие идејни решенија.
1. Пиштол и мета
Алармот не се исклучува сѐ додека не се расоните доволно да нанишаните и погодите во центарот на метата.
2. Аларм со потсетник
Дали се работи за интервју за работа во 8:00 ч. наутро, или пак само сакате да си го почнете денот со мотивирачка порака, овој часовник ќе ја осветли пораката на вградената табличка.
3. Алармен часовник со кафемат
Патот до кујната е долг, па така овој алармен часовник е дизајниран да ја промени вашата утринска рутина. Кога алармот ќе се исклучи, ве буди пријатниот мирис на свежо сварено кафе веднаш до вашиот кревет, овозможувајќи ви да го почнете вашиот ден со чаша кафе уште пред да ја напуштите вашата спална соба.
4. Перница аларм
Наместо непријатен звук, овој часовник ве буди со нежна светлина, како што наумила и мајката природа. Штом ќе ја кренете главата од перницата, го прикажува времето со специјални ламички. На страната од перницата контролите за оваа перница ви се на дофат на вашата рака.
5. Звучна бомба
Ако имате навика звуците од вашата околина да стануваат дел од вашиот сон, па така вообичаените будилници не ви вршат работа, или па воопшто не го ни слушате, ова е вистинско решение за вас. Овој часовник ечи со 113 децибели, а ако и ова не ви е доволно, часовникот е опремен со трепкачки светла како и уред за тресење на креветот.
6. Тег за вежбање
За да ви се раздвижи крвта уште рано наутро, овој алармен часовник во вид на тег за вежбање не се исклучува сѐ додека не направите 30 вежби за бицепс. Опремен е и со детектори за движење со кои се контролира дали правилно вежбате, така што во никој случај нема да можете да мамите и забушавате.
7. Станувај!
Овој часовник е во вид на килим со LCD екран, но за да го замолчите, ќе треба да станете и да ги ставите вашите нозе на него. Нема веќе затворање на очите „уште само пет секунди“.
8. Вибрирачка перница
За да ја активирате оваа перница, треба да ја повлечете рачката до часот во кој треба да се разбудите. Кога ќе дојде времето, перницата почнува нежно да вибрира, а ако не ја кренете главата, перницата пак автоматски се вклучува после пет минути.
9. Насмевни се!
Започнете го вашиот ден со насмевка или алармот нема да се исклучи. Со помош на технологија за препознавање на карактеристики на лицето, овој часовник може да препознае дали насмевката ви е искрена или се преправате, така што мора да се разбудите среќни.
10. Станувај или давај пари!
Овој ѓаволски аларм се поврзува со вашата банкова сметка преку WiFi и донира пари на разни организации коишто ги мразите секогаш кога ќе си дозволите да се успиете.