Новороденчињата во женската болница „Меги“ при универзитетскиот медицински центар во Питсург овие Новогодишни празници не беа завиткани во традиционални бебешки ќебиња. Наместо тоа, малечките беа претворени во вистински Новогодишни подароци за нивните семејства, така што ги ставија во т.н. „Божиќни чорапи“ – вреќички во вид на чорапа во кои се оставаат на Новогодишната елка, за Дедо Мраз во нив да ги остави своите подароци. Покрај тоа, на главчињата им ставија рачно исплетени празнични капички. Навистина убав знак на внимание кон нивните пациентки од страна на вработените во оваа болница.

bb01

bb02

bb03

bb04

bb05

Сподели на Facebook
пати видено